Волкашин
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Волкашин (старословенски: Влъкашинъ) — крал на прилепското кралство и татко на Крале Марко. Во 1365 година бил прогласен за крал, а неговата држава ги опфаќала териториите: на Призрен, Костур, Вардар, албанските планини, Преспа, Охрид, Дебар, Скопје, Приштина. Тој го формирал манастирот Св. Димитрија, денес познат како Марков Манастир.
Со тенденција за натамошно утврдување и легитимирање на кралството, Волкашин се потпрел на Охридската архиепископија, лишувајќи го т патријархот од Пеќ од јурисдикција врз Скопската и Призренската митрополија.[1] Кралот Волкашин погинал на 26 септември 1371 година, во Маричката битка заедно со брат му Углеша, а на престолот го наследил неговиот син Крале Марко.
Remove ads
Потекло и подем


За потеклото на кралот Волкашин, како и за неговото семејство не се знае многу. Дубровничкиот историчар Мавро Орбин (1563 — 1610) запишал дека кралот Волкашин бил син на сиромашниот властелин Мрњава од Ливно во денешна Босна. Од Ливно, Мрњава се пресел во Херцеговина, во Благај на Буна, притока на Неретва, од каде Стефан Урош IV Душан го повикал на својот двор. На дворот браќата Мрњавчевиќ, Волкашин и Углеша, според византискиот историчар од втората половина на 15 века, Лаоник Халкокондил, биле носители на дворски титули пехарник и коњушар. Во современите извори прво се спомнува Углеша во 1346 како Душанов намесник во Требиње, додека Волкашин во март 1350 се наоѓа на положба жупан во Прилеп.
Remove ads
Волкашин во народното творештво
Според народната песна, Волкашин најпрвин сакал да се ожени со Видосава, сопругата на јунакот Момчило кој живеел во градот Пирлитор. За да ја оствари својата намера, тој ја наговорил Видосава да го предаде Момчило кој, пред да умре го наговорил да ја земе неговата сестра Евросима наместо неверната Видосава. Така, тој ја зел Евросима во својто двор во Скадар, а таа му ги родила синовите Марко и Андрија.[2]
Кралот Волкашин е опеан во повеќе епски народни песни, како:
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads