Волфова награда за математика
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Волфова награда за математика — награда за математика што речиси секоја година[б 1] ја доделува Волфовата фондација во Израел. Таа е една од шесте Волфови награди воспоставени од Фондацијата и доделени од 1978 година. Другите се за земјоделство, хемија, медицина, физика и уметност. Волфовата награда вклучува и парична награда од 100.000 долари.[1]
Според истражувањето за угледот спроведено во 2013 и 2014 година, Волфовата награда за математика е трета најпрестижна меѓународна академска награда по математика, по Абеловата награда и Филдсовиот медал.[2][3]
Remove ads
Добитници
Повеќе информации Година, Име ...
Година | Име | Државјанство | Образложение |
---|---|---|---|
1978 | Израел Гелфанд | ![]() |
за неговата работа на полето на функционалната анализа, групното претставување и за неговите значајни придонеси во многу области на математиката и нејзините примени. |
Карл Лудвиг Зигел | ![]() |
за неговиот придонес во теоријата на броевите, теоријата на неколку комплексни променливи и небесната механика. | |
1979 | Жан Лере | ![]() |
за пионерската работа во развојот и примената на тополошки методи во проучувањето на диференцијални равенки.| |
Андре Веј | ![]() |
за неговото вдахновено воведување на алгебарско-геометриски методи во теоријата на броевите. | |
1980 | Анри Картан | ![]() |
за пионерската работа во алгебарската топологија, комплексните променливи, хомолошката алгебра и вдахновеното предводење на поколенија математичари. |
Андреј Колмогоров | ![]() |
за длабоките и оригинални откритија во Фуриеовата анализа, теоријата на веројатноста, ергодичната теорија и динамичните системи. | |
1981 | Ларс Алфорс | ![]() |
за темелни откритија и создавање на моќни нови методи во теоријата на геометриските функции. |
Оскар Зариски | ![]() |
творец на модерниот пристап кон алгебарската геометрија, преку нејзино спојување со комутативната алгебра. | |
1982 | Хаслер Витни | ![]() |
за неговата темелни дела во алгебарската топологија, диференцијалната геометрија и диференцијалната топологија. |
Марк Крејн | ![]() |
за неговите темелни придонеси во функционалната анализа и нејзините примени. | |
1983/84 | Шјинг-Шен Черн | ![]() ![]() |
за извонредните придонеси во глобалната диференцијална геометрија, кои имале длабоко влијание на целата математика |
Пал Ердеш | ![]() |
за неговите бројни придонеси во теоријата на броевите, комбинаториката, веројатноста, теоријата на множествата и математичката анализа, како и за личното поттикнување на математичарите од целиот свет. | |
1984/85 | Кунихико Кодаира | ![]() |
за неговите извонредни придонеси во проучувањето на комплексни и алгебарски многуобразија (вариетети). |
Ханс Леви | ![]() |
за поттикнување/започнување многу, сега класични и суштински, случувања во парцијалните диференцијални равенки | |
1986 | Самуел Ајленберг | ![]() ![]() |
за неговата темелна работа во алгебарската топологија и хомолошка алгебраЖхомолошката алгебра. |
Атле Селберг | ![]() |
за неговата длабока и оригинална работа на теоријата на броевите и на дискретните групи и автоморфни облици]. | |
1987 | Кијоси Ито | ![]() |
за неговите темелни придонеси во чистата и применетата теорија на веројатноста, особено за создавањето на стохастичкото инфинитезимално сметање. |
Питер Лакс | ![]() ![]() |
за неговите извонредни придонеси во многу области на математичката анализа и применетата математика. | |
1988 | Фридрих Хирцебрух | ![]() |
за извонредното дело што ги комбинира топологијата, алгебарската геометрија и диференцијалната геометрија и алгебарската теорија на броевиte; и за неговото поттикнување на математичката соработка и истражување. |
Ларс Хермандер | ![]() |
за темелното дело во модерната анализа, особено, примената на псевдодиференцијални оператори и Фуриеовиот интегрален оператор во линеарните парцијални диференцијални равенки. | |
1989 | Алберто Калдерон | ![]() |
за неговата новаторска работа на единечни интегрални оператори и нивната примена во важни проблеми во парцијалните диференцијални равенки. |
Џон Милнор | ![]() |
за генијалните и многу оригинални откритија во геометријата, кои отворија важни нови перспективи во топологијата од алгебарска, комбинаторна и диференцијабилна гледна точка. | |
1990 | Енио Де Џорџи | ![]() |
за неговите иновативни идеи и темелни достигнувања во парцијалните диференцијални равенки и варијациското сметање. |
Илја Пјатецки-Шапиро | ![]() ![]() |
за неговите темелни придонеси во областите на хомогени комплексни домени, дискретни групи, теорија на претставување и автоморфни облици | |
1991 | Не е доделена | ||
1992 | Ленарт Карлесон | ![]() |
за неговите темелни придонеси во Фуриеовата анализа, комплексната анализа, квазиконформното и динамичните системи]. |
Џон. Г. Томпсон | ![]() |
за неговите длабоки придонеси во сите аспекти на теоријата на конечни групи и врските со другите гранки на математиката. | |
1993 | Михаил Громов | ![]() ![]() |
за неговите новаторски придонеси во глобалната Римановата и симплектичната геометрија, алгебарската топологија, теоријата на геометриски групи и теоријата на парцијалните диференцијални равенки. |
Жак Титс | ![]() ![]() |
за неговите пионерски и темелни придонеси во теоријата на структурата на алгебарските и другите класи на групи, а особено за теоријата на градби. | |
1994/95 | Јирген Мозер | ![]() ![]() |
за неговото темелно дело за стабилноста во Хамилтоновата механика и неговите длабоки и влијателни придонеси кон нелинеарните диференцијални равенки. |
1995/96 | Роберт Ленглендс | ![]() |
за неговата пионерска работа и извонреден увид во областите на теоријата на броевите, автоморфните облици и претставувањето на групи. |
Ендру Вајлс | ![]() |
за спектакуларни придонеси во теоријата на броевите и сродните области, големи достигнувања во темелни претпоставки и за решавање на Последната Фермаова теорема. | |
1996/97 | Џозеф Б. Келер | ![]() |
за неговите длабоки и новаторски придонеси, особено во електромагнетното, оптичкото и звучното ширење на брановите и во флуидната, , квантната, статистичката и механиката на цврсти тела. |
Јаков Синај | ![]() ![]() |
за неговите темелни придонеси кон математички ригорозните методи во статистичката механика и ергодичната теорија на динамичnите системи и нивните примени во физиката. | |
1998 | Не е доделена | ||
1999 | Ласло Ловас | ![]() ![]() |
за неговите извонредни придонеси во комбинаториката, теоретската компјутерска наука и комбинаторната оптимизација. |
Елијас Стајн | ![]() |
за неговите придонеси кон класичната и Евклидовата Фуриеова анализа и за неговото исклучително влијание врз новото поколени аналитичари преку неговото речовито предавање и пишување. | |
2000 | Раул Бот | ![]() ![]() |
за неговите длабоки откритија во топологијата и диференцијалната геометрија и нивните примени во Лиевите групи, диференцијалните оператори] и математичката физика. |
Жан-Пјер Сер | ![]() |
за неговите бројни темелни придонеси во топологијата, алгебарската геометрија, алгебрате и теоријата на броевите и за неговите вдаховени предавања и дела. | |
2001 | Владимир Арнолд | ![]() |
за неговата длабока и влијателна работа во мноштво области на математиката, вклучувајќи ги динамичните системи, диференцијалните равенки и теоријата на сингуларностите. |
Сахарон Шелах | ![]() |
за неговите бројни темелни придонеси кон математичката логика и теоријата на множествата, како и нивните примени во други делови од математиката. | |
2002/03 | Микио Сато | ![]() |
за неговото создавање на алгебарската анализа, вклучувајќи ја теоријата на хиперфункција и теоријата на микрофункција, холономска квантна теорија на поле и унифицираната теорија на солитонски равенки. |
Џон Тејт | ![]() |
за неговото создавање на темелните концепти во алгебарската теорија на броевите. | |
2004 | Не е доделена | ||
2005 | Григориј Маргулис | ![]() ![]() |
за неговите монументални придонеси во алгебрата, особено во теоријата на решетка во полуедноставни Лиеви групи, и впечатливи примени на ова во ергодичната теорија, теоријата на претставување, теоријата на броевите, комбинаториката и теоријата на мерiи. |
Сергеј Новиков | ![]() |
за неговите темелни и пионерски придонеси во алгебарската и диференцијалната топологија, како и во математичката физика, особено воведувањето на алгебарско-геометриските методи. | |
2006/07 | Стивен Смејл | ![]() |
за неговите новаторски придонеси што одиграа темелна улога во обликувањето на диференцијалната топологија, динамичните системи, математичката економија и други предмети од математиката. |
Хилел Фурстенберг | ![]() ![]() |
за неговите длабоки придонеси во ергодичната теорија, веројатноста, тополошката динамика, анализата на симетричните простори и хомогени текови. | |
2008 | Пјер Делињ | ![]() |
за неговата работа на мешаната Хоџова теорија, Вајловите претпоставки, Риман-Хилбертовата кореспонденција и за неговите придонеси во аритметиката. |
Филип Грифитс | ![]() |
за неговата работа на варијации на Хоџовите структури, теоријата на периоди на Абеловите интеграли и за неговите придонеси во комплексна диференцијална геометрија. | |
Дејвид Мамфорд | ![]() |
за неговата работа на алгебарски површини, на геометриска инвариjантна теорија и за поставување на темелите на современите алгебарска теорија на модули на криви и тета функција. | |
2009 | Не е доделена | ||
2010 | Шинг-Тинг Јау | ![]() |
за неговата работа во геометриската анализа која имаше длабоко и драматично влијание врз многу области на геометријата и физиката. |
Денис Саливан | ![]() |
за неговите новаторски придонеси во алгебарската топологија и конформната динамика. | |
2011 | Не е доделена | ||
2012 | Михаел Ашбахер | ![]() |
за неговата работа на тероијата на конечни групи. |
Луис Кафарели | ![]() |
за неговата работа на парцијалните диференцијални равенки. | |
2013 | Џорџ Мостоу | ![]() |
за неговиот темелен и пионерски придонес на геометријата и теоријата на Лиеви групи. |
Мајкл Артин | ![]() |
за неговите темелни придонеси во алгебарската геометрија, како во комутативната така и во некомутативната. | |
2014 | Питер Сарнак | ![]() ![]() |
за неговите длабоки придонеси во анализата, теоријата на броевите, геометријата и комбинаториката. |
2015 | Џејмс Артур | ![]() |
за неговата монументална работа на формулата за трага и неговите темелни придонеси во теоријата на автоморфно претставување на редуктивни групи. |
2016 | Не е доделена | ||
2017 | Ричард Шон | ![]() |
за неговиот придонес во геометриската анализа и разбирањето на меѓусебната поврзаност на парцијалните диференцијални равенки и диференцијалната геометрија. |
Чарлс Феферман | ![]() |
за неговите придонеси во голем број математички области, вклучувајќи ја комплексната мултиваријантна анализа, парцијалните диференцијални равенки и субелиптичните проблеми. | |
2018 | Александар Бејлинсон | ![]() ![]() |
за нивната работа што направи значителен напредок на интерфејсот на геометријата и математичката физика. |
Владимир Дринфелд | ![]() ![]() | ||
2019 | Жан-Франсоа Ле Гал | ![]() |
за неговите длабоки и елегантни придонеси во теоријата на стохастичките процеси.. |
Грегори Лоулер | ![]() |
за неговото сеопфатно и пионерско истражување на избришани јамки и случајни прошетки (Loop-erased random walk).[4] | |
2020 | Сајмон Доналдсон | ![]() |
за нивните придонеси во диференцијалната геометрија и топологијата.[5] |
Јаков Елијашберг | ![]() | ||
2021 | Не е доделена | ||
2022 | Џорџ Лустих | ![]() ![]() ![]() |
за неговите новаторски придонеси во теоријата на претставување и сродните области.[6] |
2023 | Ингрид Добеши | ![]() ![]() |
за нејзината работа во теоријата на уејвлет (бранови) и применетата хармонична анализа.[7] |
2024 | Ади Шамир | ![]() |
за неговите темелни придонеси во математичката криптографија.[8] |
Нога Алон | ![]() |
за неговите темелни придонеси во комбинаториката и теоретската компјутерска наука.[9] | |
2025 | Не е доделена | ||
Затвори
Remove ads
Добитници по земја
Во долната табела се дадени добитниците по земја (ажурирана до добитниците од 2024 година). Добитниците кои имаат повеќе државјанства се бројат за секое државјанство.
Повеќе информации Држава, Број на добитници ...
Држава | Број на добитници |
---|---|
![]() |
34 |
![]() ![]() |
10 |
![]() |
7 |
![]() |
5 |
![]() |
5 |
![]() |
3 |
![]() |
3 |
![]() |
2 |
![]() |
2 |
![]() |
2 |
![]() |
2 |
![]() |
2 |
![]() |
2 |
![]() |
1 |
![]() |
1 |
![]() |
1 |
![]() |
1 |
![]() |
1 |
![]() |
1 |
![]() |
1 |
Затвори
Remove ads
Поврзано
- Волфова награда
- Волфова награда за физика
- Волфова награда за хемија
- Волфова награда за земјоделство
- Волфова награда за уметност
Белешки
- Волфовата фондација ја опишува наградата како годишна, меѓутоа, некои награди се поделени по години, додека во некои години не се доделува награда.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
Remove ads