Вранинци

село во Општина Кочани From Wikipedia, the free encyclopedia

Вранинциmap
Remove ads

Вранинци — село во Општина Кочани, во областа Осоговија, во околината на градот Кочани.

Кратки факти
Remove ads

Потекло на името

Селото името го добило по доселениците од Врање за кои се говори дека го основале.[2]

Географија и местоположба

Вранинци се наоѓа во областа Осоговија, северно од градот Кочани. Селото е планинско и е од разбиен тип, а неговите маала се издигаат на надморска височина од 600-720 м. Селскиот атар зафаќа површина од 6,9 км2. Од Кочани е оддалечено 9 км.[3]

Границата на селскиот атар поминува низ месностите: Мегдан, Вачева Нива, Вранинска Вода и Штрби Врв. Месностите внатре во селскиот атар се познати како: Грамаѓе, Дага Нива, Прждево, Равна Нива, Пејќевица, Старо Село, Бучино Брдо, Витаница, Гробиште, Средни Рид, Гаштиште Падарница (претставува пасиште), Селиште и Црквичка. селото е од разбиен тип и е подделено на пет маала: Село, Огражденик, Грамаѓе, Прждево и Старо Село.[2]

Remove ads

Историја

Според мештаните, селото го основале доселеници од Врање. За најстари родови се сметаат Динчинци и Џалевци. Мештаните од овие два рода биле под притисок од Турците, кои сакале да им ја одземат земјата и претворат во чифлиг. Поради тоа и биле приведени. Членовите на родот Динчинци во затвор попуштиле и ја предале земјата. Меѓутоа, Џалевци не се согласиле и така останале рајати до крајот на турската власт. Динчинци и сите родови кои се доселиле подоцна биле чифчии. Турците кои ја поседувале земјата се викале: Азем-ефенди, Бајрам-ага и други. Познато е дека живееле во Кочани. По ослободувањето од отоманската власт, земјата била купена.[2]

Стопанство

Селото нема некоја развиена земјоделска функција. Во рамките на неговиот атар преовладуваат пасиштата на површина од 314 ха, на шуми отпаѓаат 188,9 ха, а на обработливо земјиште 71,3 ха.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Вранинци живееле 175 жители, сите Македонци.[4] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Вранинци имало 160 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[6]

Според пописот од 2002 година, во селото живеат 13 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

Thumb
Излетничка населба во близина на селото

Вранинци е македонско село. Според истражувањата од 1959 година, родовите во селото по маала се следниве:

  • Село: Динчинци (6 к.), Џалевци (4 к.), Коларци (3 к.) и Прждевци (3 к.). Потеклото на родовите Динчинци и Џалевци е од околината на Врање во Србија. Коларци се доселени од селото Дулица кај Македонска Каменица. А не се знае од каде е родот Прждевци.
  • Грамаѓа: Митковци (4 к.) и Динчинци (2 к.). Митковци се доселени од некое село Д. Трола во околината на Штип?, односно најверојатно од селото Трооло во околината на Пробиштип. Динчинци се гранка од истоимениот род во маалото Село.
  • Огражденик: Тренчевци (4 к.), Динчинци (3 к.) и Миладиновци (1 к.). За потеклото на родот Тренчевци не се знае ништо. Динчинци се гранка од истоимените родови во маалата Село и Грамаѓа. Миладиновци се доселени од селото Мишино, сега раселено.
  • Старо Село: Прждевци (1 к.) кои се гранка од истоимениот род во маалото Село.[2]

Иселеништво

Иселеници од селото има во Кочани, и тоа од родовите Коларци и Динчинци; во подпланинското село Оризари од родовите Џалевци и Динчинци; како и во селата Лешки од родот Божинови и во Теранци од родот Вранинци.[2]

Remove ads

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Кочани од 2004 година.

Во периодот 1996-2004, селото било дел од Општина Оризари.

Во периодот 1955-1996, селото било дел од Општина Кочани.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Полаки.

Во XIX век, Вранинци било дел од Кочанската каза на Отоманското Царство.

Избирачко место

Селото е опфатено со избирачкото место бр. 894 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на шумскаа куќичка на ПОС „Осогово“ на селото Речани.[12]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 5 гласачи.[13]

Remove ads

Култура и традиција

Со оглед на тоа што селото е мало, тоа нема општа слава. Сепак, при чествувањето на одделни празници, како Илинден и Богородица, селаните се собираат кај крстот и колат курбан. Горбиштата се наоѓаат во маалото Село.[2]

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[14]
  • Грамади — населба и некропола од доцноантичко време;
  • Гробишта — населба и некропола од доцноантичко време;
  • Селиште — населба и некропола од доцноантичко време;
  • Старо Село — населба од доцноантичко време.
Реки

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads