Трооло

село во Општина Пробиштип From Wikipedia, the free encyclopedia

Троолоmap
Remove ads

Трооло — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.

Кратки факти
Remove ads

Потекло и значење на името

Thumb
Традиционална куќа во селото

Името на селото првпат е забележано во XVI век (1515 г.), најпрвин како Трохало. Името може да има грчко потекло („трохало“) што означува „голем природно измазнет камен“ или пак „природни крупни речни камења со различна големина измешани со песок и чакал“. Меѓутоа, крајното „о“ во Трохало упатува и на претпоставката дека името е доста постаро и дека доаѓа од личното име Трохал. Како последно објаснување за значењето е дека може да доаѓа од зборот трло.[2]

Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во крајниот јужен дел на територијата на Општина Пробиштип, на десната страна од Злетовска Река, а нејзиниот атар се допира со подрачјето на Општина Свети Николе.[3] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 490 метри. Од градот Пробиштип, селото е оддалечено 16 километри.[3]

Селото е поврзано преку асфалтен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 1205.

Историја

Подрачјето на Трооло е населено уште од доцноантичкото време, за што сведочат наоѓалиштата во неговата околина.[4]

Во септември 1910 година, селото настрадало за време на младотурската акција на разоружување, жител на селото со име Наум бил уапсен и измачуван.[5]

За време на Првата балканска војна, од селото имало еден доброволец кој бил дел од Македонско-одринските доброволни чети.[6]

Стопанство

Атарот на селото зафаќа простор од 13,9 км2, при што преовладуваат пасиштата со површина од 879 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 466 хектари, додека шумско земјиште нема.[3]

Во основа, може да се каже дека селото има полјоделско-сточарска функција.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Трооло имало 80 жители, сите Македонци.[7] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Трооло имало 104 жители, сите Македонци.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[9]

Селото е мало и населено со македонско население. Тоа, во 1961 година имало 295 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 63 жители.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Трооло живееле 45 жители, сите Македонци.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 13 жители, од кои 11 Македонци и 2 лица без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови

Трооло е македонско село.[16]

Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:

  • Староседелци: Гаџовци (5 к.), единствениот староседелски род во селото.
  • Доселеници: Србинци (Аџиски 10 к., Пецовци 9 к., Наумовци 3 к., Дедо-Пауновци 2 к.), се еден род, доселени се, но не знаат од каде, доселени се пред околу 7-8 колена (во 1970-тите); Елмазовци (6 к.), доселени се како чифличии од сега раселеното село Чашице, се наоѓало кај селото Бучиште. А таму нивните предци се доселиле во XVIII век од Дебарско; Зафировци (5 к.), се доселиле како чифличии од селото Петршино, а таму биле доселени од селото Бардовци кај Скопје во XVIII век; Цветковци (5 к.), потекнуваат од селото Древено. Најпрво од Древено биле по селата Пуздерци, Зарапинци и Петршино како чифличии, а потоа дошле во денешното село; Цековци (1 к.), по потекло се од селото Врбица кај Кочани. Прво биле по разни села, па дошле овде.
Remove ads

Самоуправа и политика

Кон крајот на XIX век, Трооло било село во Штипската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Трооло, во која покрај селото Трооло, се наоѓале и селата Бучиште, Гајранци, Гујновци, Зарапинци, Куково, Лезово, Пестришино, Пуздерци и Стрисовци. Општината Трооло постоела и во периодот 1950-1952 година.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1547 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект.[17]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 30 гласачи.[18] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 25 гласачи.[19]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[4]
  • Во Селото — населба од доцноантичкото време; и
  • Св. Спас — некропола од доцноантичкото време.
Цркви[20]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads