Врбјани (Прилепско)
село во Општина Кривогаштани From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Врбјани — село во Општина Кривогаштани, во областа Пелагонија, во околината на градот Прилеп.
Remove ads
Потекло на името
Името Врбјани го добило по тоа дека во селото имало многу врби и по тоа селаните почнале да го викаат Врбјани.
Географија и местоположба
Селото Врбјани е сместено во средишниот дел на големата житница Пелагонија. Врбјани е во составот на Општина Кривогаштани. Врбјани се граничи со следните села: од исток со селото Славеј, од запад со Кривогаштани, од север со селата Вранче и Заполжани и од југ со селото Боротино. Најблиските градови се во непосредна близина околу 15 километри. Најголем административен и културен живот има во Прилеп кој е многу посетен од населението од Врбјани. Времето во врбјани во летниот период е многу топло, а во зимскиот период е многу ладно.
Remove ads
Историја
Се споменува дека Врбјани постоело пред 1465 година.
На крајот на XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 364 жители христијани Македонци.[2] Според податоците на бугарскиот публицист Димитар Мишев, селото имало 288 христијани Македонци.[3]
Стопанство
Населението во Врбјани најмногу се занимава со земјоделство и со сточарство.
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Врбјани живееле 364 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Врбјани имало 288 Македонци, од кои 184 под врховенството на Бугарската егзархија и 104 патријаршисти.[5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Врбени се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 37 куќи.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[7]
Селото броело 503 жители во 1961 година, додека во 1994 година живееле само 316 жители.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, во селото Врбјани живеат 294 жители, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 249 жители, од кои 246 Македонци и 3 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
Во селото нема староседелски родови. Денешното село е обновено средината на XVIII век. Први кои дошле биле родовите Коруновци и Поповци, по нив се населиле и други родови.[14]
Родови во селото се следните:
- Доселеници: Поповци (5 к.) и Коруновци (3 к.) се најстари родови во селото, и основачи на денешното село. потекнуваат од ист предок, доселени се во средината на XVIII век од селото Врбјани во Дебрца. Го знаат следното родословие: Петко (жив на 84 г. во 1955 година) Цветко-Митре-Корун, се доселил таткото на Корун; Јадровци (3 к.) и Дамчевци (3 к.) порано чинеле еден род, и тие се доселени од Охридско; Митревци (5 к.), Трајчевци (3 к.), Пејовци (14 к.) и Стевановци (2 к.) некогаш чинеле еден род -Јевтинџиовци, доселени се од селото Кореница; Колчаковци (4 к.) доселени се од селото Обршани; Србиновци (4 к.) потекнуваат од селото Тројкрсти. Од таму се иселиле Крушеани, а потоа преминале во Врбјани; Тошевци (4 к.), Лозановци (3 к.), Станковци (2 к.) и Цепивировци (1 к.). Некогаш биле еден род. Доселени се, но не знаат точно од каде; Крбалевци (5 к.) доселени се од селото Боротино; Јошевци (4 к.) доселени се од селото Крушеани; Чачаровци (2 к.) доселени се во XIX век од селото Големо Коњари.
Remove ads
Општествени установи
- Цркви[15]
- Црква „Св. Никола“ - Врбјани — главната селска црква. Се наоѓа сред село и потекнува од 1856 година;
- Археолошки наоѓалишта[16]
- Крушеанска Чука — населба од бакарно време;
- Попадица — населба од бакарно време;
- Тумба — населба од доцноантичко време;
- Чука — населба од римско време;
- Момироско Чукаре — некропола од железно време;
- Цветкоско Чукаре — населба од римско време;
- Чукариња — тумул од железно време;
- Врба — неопределено наоѓалиште од непознат период;[17]
- Чаир — осамен наод од непознат период;[17]
Remove ads
Самоуправа и политика
Локалната самоуправа Кривогаштани ги дели селата на месни заедници. Месната заедница во село Врбјани се состои од: -Претседател -Секреатар -Благајник и други членови.
Претседател на месната заедница Врбјани е Крстески Кирил - Мангата. Во Врбјани има поддржувачи за сите политички партии, а најмногу за СДСМ и за ВМРО-ДПМНЕ.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1518 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[18]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 223 гласачи.[19]
Remove ads
Културни и природни знаменитости
Културни и природни знаменитости во село Врбјани се црквата Св.Никола која потекнува од XVIII век. Старата кула која била од Јордан Бомбол сè уште е во автентична состојба.
Редовни настани
Настани кои редовно се одржуваат во село врбјани е „Велигденскиот панаѓур“ и селската слава Св.Никола која се слави на 2 јуни и е празник на целото село кое го слави како свој заштитник.
Култура и спорт
Во спортскиот живот во Врбјани доминира фудбалот кој се игра од 1950 година. Фудбалскиот клуб „Македонија Врбјани“ успешно се натпреварува во Општинската лига на Градот Прилеп. По заначајни успеси на фудбалскиот клуб „Македонија Врбјани“ се девет први места и настап во регионалната лига.
Личности
- Тале Лозанов Ангелески — македонски револуционер од ВМОРО.[20]
- Милан Стеваноски — македонски партизан.
Иселеништво
Од далечни времиња населението во село Врбјани постепено почнало да се иселува на другите континенти во барањето на подобар живот и подобра живееачка. Најмногу иселеници има во Австралија, САД и западните ввропски држави.
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads