Кореница

село во Општина Кривогаштани, Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Кореницаmap
Remove ads

Кореница — село во Општина Кривогаштани, во околината на градот Прилеп.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Сретселото

Селото се наоѓа на крајниот западен дел на Прилепското Поле, а на северозападната страна на територијата на Општина Кривогаштани, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Крушево.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 623 метри. Од градот Прилеп е оддалечено 24 километри.[2]

Кореница е мало село сместено помеѓу планинскиот гребен Корија на запад и низината на исток. Ова му дава погодни стопански услови на селото. Околни села се Кривогаштани, Годивле, Врбоец и Алданци. Во минатото, водата за пиење се добивала од една чешма и неколку бунари.[3]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Долгачка, Црна Земја, Висои, Лозановец, Орлов Даб, Пајкарница, Врталка, Чука, Решетарица, Петровка, Цуцулка, Чаир, Кале или Градиште, Годивска Корија, Грозданоа Мртвица, Голосабијица, Чавков Даб, Црква, Петков Камен и Горна Чешма.[3]

Селото има збиен тип. Групите на роднинските куќи не се остро издвоени.[3]

Remove ads

Историја

Мештаните говорат дека некогаш имало населба на месноста Долгачка, кое се наоѓа во котлинската рамнина источно од селото. На длабочина од половина метар, во ливадите, се наоѓаат темели на куќи и парчиња на садови. Некои селани наведуваат дека селото било напуштено поради поплави. Траги на старини има и на месноста Кале или Градиште, западно од селото. Тоа е возвишение (600 метри), каде се наоѓаат остатоци на ѕидови, ќерамиди и грнчиња. Постарите мештани наведуваат дека тврдината на Градиште може да е од римско време или од времето на Крале Марко.[3]

Thumb
Поглед на селото

Кореница се смета за старо село, што се огледува во зачуваните малобројни староседелци. Народната традиција наведува дека во XIX век, селото се зголемило на 60 христијански куќи. Во втората половина на тој век, неговите мештани задолжиле некои „јазаџии“ (даночници). Селаните не можеле да го платат долгот и државата им ја продала земјата на Турчинот наречен Драскало, кој живеел во Прилеп. Поради ова, многу селани се иселиле од селото. Потоа, селото било чифчијско и како такво останало до 1920 година. Последните сопственици се викале Селија, Оломан и Шаќир. Првите двајца биле зетови на Драскало. Селаните ја добиле земјата со купување, но и со аграрната реформа.[3]

Во минатото, Кореница имало своја земја и во долината на Алданска Река на запад. Но, таму бил убиен човек, по што за тоа платиле селани од Кривогаштани, поради што земјата тие ја присвоиле. Истото се случило и со месноста Годивљанска Корија, која ја присвоиле селаните од соседното Годивле.[3]

Remove ads

Стопанство

Атарот е мал и зафаќа простор од 3,4 км2. На него преовладуваат обработливите површини на површина од 254 хектари, на пасиштата отпаѓаат 61 хектар, а на шумите отпаѓаат само 9 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделска функција.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Кореница живееле 105 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кореница имало 104 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Кореница се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 15 куќи.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[7]

Кореница е мало село, коешто во 1961 година броело 212 жители, а во 1994 година 87 жители, од кои 85 биле Македонци.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Кореница живееле 62 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 40 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

Кореница е македонско православно село.[3]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 1955 година родови во селото се:

  • Староседелци: Костадиновци (6 к.), Зуламовци (1 к.) и Шамаковци (1 к.).
  • Доселеници: Бурневци (11 к.), доселени се во турско време од селото Локвени, таму живееле 70 години, право потекло им е од селото Велмевци во Железник; Звездаковци (4 к.), доселени се од селото Загорани, таму имаат истоимени роднини; Колевци (4 к.), доселени се од селото Годивле, таму им се род Филиповци.

Иселеништво

Се знае за следните постари иселени родови и семејства од ова село. Родот Наумовци иселени се во селото Турско. Од родот Шамаковци има иселеници во Средорек, Крушево и во Белград.[3]

За првичното иселување на големиот број македонски родови нема податоци.[3]

Remove ads

Општествени установи

Thumb
Поранешното основното училиште
  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

Во XIX век, Кореница било село во Прилепската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Кривогаштани, која била една од ретките општини во Македонија која не била изменета при територијалната поделба во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на тогашната Општина Кривогаштани.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Прилеп.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Кривогаштани, во која покрај селото Кореница, се наоѓале и селата Врбоец, Годивле, Кривогаштани, Крушеани, Локвени, Милошево, Свето Митрани и Подвис. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната Општина Годивје, кога во нејзе се наоѓале селата Годивје, Кореница, Локвени и Подвис.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1509 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 42 гласачи.[14] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 40 гласачи.[15]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Главната селска црква „Св. Никола“
Археолошки наоѓалишта[3]
  • Долгачка — неопределено наоѓалиште од непознат период; и
  • Кале — неопределено наоѓалиште од непознат период.
Цркви[16]
  • Црква „Св. Никола“ — главната селска црква, изградена во 1859 година, врз темели на постара црква.

Редовни настани

Слави[3]

Култура и спорт

Во минатото во селото работел фудбалскиот клуб „Изгрев“.

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads