Габрене

село во Петричко, Пиринска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Габрене (бугарски: Габрене) — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во Општина Петрич, Благоевградската област, западна Бугарија. Ова е најзападното населено место во Пиринска Македонија.

Кратки факти Габрене Габрене, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа во полупланински предел во северното подножје на планината Беласица, познато како Подгорие. На помалку од 1 км западно од селото минува државната граница со Република Македонија, а уште толку понатаму е сместено струмичкото село Старо Коњарево во Општина Ново Село. Непосредно над селото во југозападен правец на Беласица се издига историскиот тромеѓен врв Тумба. На 4 км северно од Габрене се наоѓа ГП „Златарево“, сместено на меѓународниот пат ПетричСтрумица. Крај селото тече реката Струмица, која му го оградува атарот од север. Климата во Габрене е преодносредоземноморска.

До Габрене се стасува по патот Петрич – Првомај. Тука ппат се раздвојува на две, но и двата пата водат до селото. Првиот продолжува низ подгорските села и е малку пократок. Вториот оди напоредно на реката Струмица и покрај ГП „Златарево“ и границата со Р Македонија исто така води до селото.

Remove ads

Историја

Селото Габрене е старо и има богата историја. Во атарот се откриени траги од антички и средновековни населби. Непосредно западно до селото во месноста „Сариев Камен“ се наоѓа Стапката на Крали Марко — култен карпест жртвеник, дел од тракиско светилиште од I-IV век. Подоцна мештаните го поврзале местото со епот за Крали Марко.[1] Во месноста „Воена Црква“ (~ 1 км јужно од селото) се зачувани остатоци од средновековна црква. Северно од неа стојат основите на камена градба со трапезовиден облик, веројатно дел од тврдина која служела како стража.[2]

Селото се споменува во османлиски записници од 1570 и 1664-1665 г. под името Габрани. Според податоците од првиот записник, во селото живееле 127 македонски-христијански[3] и 2 муслимански домаќинства,[4] а според вториот, има 43 христијански домаќинства.

Во XIX век населението на селото се занимавало со земјоделство (пченка, овес, ориз, сусам, афион, памук и др.), свилена буба и сточарство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, во 1873 г. Габрене (Gabrené) е посочено како село со 32 домаќинства со 120 жители, сите Македонци.[3][5] Во 1885 г. е отворено основно училиште. Во 1900 г. според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Габрене живеат 450 жители, од кои 400 Македонци-христијани[3] и 50 Турци.[6] Сите Македонци-христијани потпаднале под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Габрене живееле 360 Македонци.[3][7]

Габрене е ослободено од отоманската власт во Првата балканска војна во октомври 1912 г. Во 1913 г. во Втората балканска војна селото е заземено и запалено од грчката војска.[8] Водно грчките единици убиле 29 селани, вклучувајќи и бебиња. На влезот од селото има споменик на настраданите.

Remove ads

Религии

Селото е православно. Во него се наоѓа црквата „Св. Петка“ со убав двор и голема чешма. Тука се одбележуваат сите празници и имендени. На 1, 2 и 3 јануари има кукерски игристанчинари или џамалари. Селската слава е на летен Петковден (крајот на јули). На сретселото се приредува борење, пиво и скара.

Општествени установи

Селото има управно здание, каде е сместен кметот, селската амбуланта и поштата. Во истата зграда има и интернет-кафе. Во близина има продавнички и кафанчиња.

Личности

  • Цветан Аврамов Јаков (1877–1938) — војвода на ВМРО, раководител на револуционерниот комитет на Габрене од 1902 до 1912 г.[9]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads