Галате
село во Општина Врапчиште From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Галате — село во Општина Врапчиште, во околината на градот Гостивар.

Remove ads
Географија и местоположба
Историја
Вкупно 5 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[2]
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Галате живееле 325 жители, сите Македонци.[3] Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Галате имало 424 Македонци патријаршисти.[4]
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година селото е дел од Галатска општина и брои 47 куќи со 203 жители Македонци.[5]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 250 Македонци.[6]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 1.151 жител.[7]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 980 жители, од кои 296 Македонци, 461 Албанец, 214 Турци, 1 Србин, 2 останати и 6 лица без податоци.[8]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[9]
Родови
Во времето на истражувањата кои биле вршени во селото во 1947 година, Галате било чисто македонско село, родови во селото биле:
- Цвеловци (8 к.), староседелци. Имаат иселеници во Обреновац (две семејства).
- Новаковци (2 к.), староседелци.
- Мировци (9 к.), староседелци. Имаат иселеници во Гостивар (едно семејство) и во Ратае.
- Пејовци (1 к.), староседелци.
- Гоџовци (2 к.), староседелци. Имаат иселеници во Белград (едно семејство), Варна (едно семејство) и во Шумен (едно семејство).
- Ѓорговци (5 к.), староседелци.
- Шакшалевци (1 к.), староседелци. Имаат иселеници во Обреновац (едно семејство).
- Поповци (3 к.), староседелци. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство) и во Белград (две семејства).
- Цоцолевци (8 к.) и Страшевци (5 к.) доселени во различен период, од сега албанското село Пршовце. Во родот Страшевци го знаат следното родословие: Петко (жив на 47 г. во 1947 година) Милош-Змејко-Димо, кој се доселил;
- Балабановци (5 к.) и тие се доселени од селото Прошовце, подалечно потекло од селото Радомир во Калиса (северна Албанија). Го знаат следното родословие: Манојло (жив на 58 г. во 1947 година) Оносим-Димитрија-Стојко, кој се доселил од Прошовце. Имаат иселеници во Брвеница.
- Цацановци (3 к.) доселени се од сега албанското село Градец. Имаат иселеници во Романија (едно семејство).
- Синадиновци (2 к.) доселени се од селото Чајле.
- Димитриовци (1 к.) доселени се од селото Балин Дол.
- Поречанец (1 к.) основачот на родот е дојден како домазет од Порече.
- Симјановци (1 к.) доселени се од Ново Село, каде биле староседелци.
- Кукевци (1 к.) основачот на родот се доселил од селото Пожаране.
- Бучуковци (1 к.) исто така доселени од Пожаране.[10]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 460 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 262 гласачи.[12]
Културни и природни знаменитости
- Цркви[13]
- Црква „Св. Никола“ — главната селска црква;
- Црква „Св. Богородица“ - се наоѓа над на селото, на падините на Шара;
- Археолошки наоѓалишта[14]
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads