Гама Змеј
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Гама Змеј ( γ Draconis, скратено Gamma Dra, γ Dra ), формално именувана како Елтанин /ɛlˈteɪnɪn/,[9][10] е ѕвезда во северното соѕвездие Змеј . Иако ја има ознаката гама (што би значело дека е трето рангирана ѕвезда во соѕвездието), таа е најсветлиот објект во соѕвездието Змеј со светлинска величина 2,2, што го надминува Бета Змеј за речиси половина светлинска величина и Алфа Змеј за над цела една светлинска величина.[1]
Гама Змеј е на оддалеченост од 154,3 светлосни години(47,3 парсеци) од Сонцето, како што е утврдено со мерењата на паралакса од астрометрискиот сателит Хипаркос .[4]
Во 1728 година, додека неуспешно се обидувале да ја измерат паралаксата на оваа ѕвезда, англискиот астроном Џејмс Бредли ја открил аберацијата на светлината како резултат на релативното движење на Земјата . Откритието на Бредли очигледно ја потврдило теоријата на Коперник дека Земјата се врти околу Сонцето . Ѕвездата се доближува до Сончевиот систем со радијална брзина од околу –28 km/s.
За 1,5 милиони години, Гама Змеј ќе помине на 28 светлосни години од Земјата.[5] За одреден период, ако нејзината моментална апсолутна величина не се промени, таа ќе биде најсветлата ѕвезда на ноќното небо, речиси исто толку светла како што е Сириус во моментов.[11] Тоа е убедливо најсветлата ѕвезда со зенит над точка во близина на Лондон, што довело до нејзино славење на овие места како „ѕвезда од зенит“. Во близина на оваа црвена ѕвезда на југ-југоисток е Вега, светла, добро позната ѕвезда во Лира.
Remove ads
Својства
Гама Змеј е еволуирана џиновска ѕвезда со ѕвездена класификација на К5 III. Од 1943 година, спектарот на оваа ѕвезда служи како една од стабилните точки на прицврстување според која се класифицираат другите ѕвезди. Има околу два пати поголема маса од Сонцето и исто така е поголема од сонцето за околу 50 пати.[6] Зрачи околу 590 пати поголема сјајност од Сонцето од неговата надворешна атмосфера на делотворна температура од 3.990 K.[7]
Ѕвездата е поладна од Сонцето, што ѝ дава на оваа ѕвезда портокалово-нијанса сјај на ѕвезда од типот К. [12]
Гама Змеј има шест придружници наведени во каталози со двојни ѕвезди. Сите биле откриени од американскиот астроном Шербурн Весли Барнам .[13] Најблиските можеби се физички поврзани и би биле разделени со околу 1,000 AU . Осветленоста на овој објект сугерира дека станува збор за црвенo џуџе. Сите други се многу подалечни ѕвезди кои не се поврзани со Гама Змеј.[14]
Remove ads
Именување
γ Draconis ( латинизиран во Gamma Draconis ) е ознака добиена според Бајеровото означување.[8]
Нејзиното традиционалн име е Елтанин изведено од арапскиот التنين Ат-Тиннин „Големата змија“. Името Растабан порано се користело за Гама Змеј, а двата термина имаат арапски корен што значи „змија“ или „змеј“. Во 2016 година, Меѓународната астрономска унија организиралаРаботна група за имиња на ѕвезди (WGSN) [15] за да ги каталогизира и стандардизира соодветните имиња за ѕвездите. WGSN го одобрила името Елтанин за оваа ѕвезда на 21 август 2016 година и сега е внесено во Каталогот на имиња на ѕвезди на IAU.
Гама Змеј, заедно со Бета Змеј, Ми Змеј, Ни Змеј и Кси Змеј биле Ал Аваид „Мајките Камили“, кои подоцна биле познати како Квинке Дромедари .
На кинески ,天棓( Tiān Bàng), што значи Небесен пад,а се однесува на астеризам кој се состои од Гама Змеј, Кси Змеј, Ни Змеј, Бета Змеј и Јота Херкулес .[16] Следствено, кинеското име за самата Гама Змеј е 天棓四( Tiān Bàng sì, англиски: the Fourth Star of Celestial Flail .) [17]
Истоимен
USS Etamin бил товарен брод од класата Кратер на морнарицата на Соединетите Американски Држави, именувана по оваа ѕвезда.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads