Светлосна година
единица за должина и растојание еднаква на патот што го изминува светлината за една година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Светлосна година или светлинска година (симб. сг, меѓун. ly) — мерна единица за растојание (оддалеченост) во астрономијата, еднаква на околу 10 билиони километри.[б 1] По дефиницијата на Меѓународниот астрономски сојуз (IAU), една светлосна година е растојанието што светлината ќе го помине во вакуум за една јулијанска година.[1]

Оваа единица најчесто се користи за изразување на оддалеченоста на ѕвезди и други објекти во галактички размер, особено во нестручната и популарнонаучна литература. Стручњаците од полето на астрометријата обично ја користат единицата парсек (симбол: пс или pc), која е приближно еднаква на 3,26 светлосни години и претставува растојанието на кое една астрономска единица зафаќа агол од една лачна секунда).[1]
Remove ads
Дефиниции
Почнувајќи од 1984 г. Меѓународниот астрономски сојуз ја дефинира светлосната година како производ од јулијанската година[б 2] (365,25 дена наспроти 365,2425 дена кај грегоријанска година) и брзината на светлината (299792458 м/с).[б 3] Оттука ги добиваме следниве претворања:
1 светлосна година = 9460730472580800 метри (точно) ≈ 63241,077 астрономски единици ≈ 0,306601 парсеци
Растојанија во светлосни години
Во светлосни години се изразуваат растојанијата помеѓу блиски ѕвезди, како оние во ист спирален крак или збиено јато. Оддалеченоста на објектите во различни делови од една галаксија изразуваат во илјади светлосни години (исг, или килосветлосни години (ксг). Растојанијата меѓу соседни галаксии и галактички јата се изразуваат во милиони светлосни години (мегасветлосни години, мсг). Растојанието до супергалактички структури како што се квазарите и Слоунскиот Голем Ѕид се изразуваат во милијарди светлосни години (гигасветлосни години, гсг).
Remove ads
Поврзано
Белешки
- Билионот тука се зема како 1012 (милион милиони) според долгата скала што се користи во Македонија. Во англојазичните земји, ова би било „трилион“.
- Брзината на светлината изнесува точно 299792458 м/с по дефиницијата на метарот.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads