Гајдарохор

село во Нигритско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Гајдарохорmap
Remove ads

Гајдарохор или Ајдонохор (грчки: Αηδονοχώρι, Ајдонохори) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот округ, Грција. Населението брои 197 жители (2021).

Кратки факти Гајдарохор Αηδονοχώρι, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се ноаѓа во северните падини на Орсова Планина, во јужниот дел на Серско Поле, околу 20 км југоисточно од гратчето Нигрита и северозападно од Струмскиот Залив, на надморска височина од 200 м.[2]

Историја

Во Отоманското Царство

Во XIX век Гајдарохор било грчко село во Серската Каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Ајдиохор (Aïdiohor) имало 156 домаќинства со 28 жители муслимани и 410 жители Грци.[3]

Во 1889 г. хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Гајдарохор:

Гајдарохори (Ајдонохори): христијанско село; 1 црква, 1 училиште, 2 ана, 5 магацини; жителите се Грци; 6 часа од Сер

Тоа село првично се викало Ајдонохори, т.е. селото на славеите, бидејќи соседната шумичка напролет одекнува од нивното пеење. Ајдонохори станало Гајдарохори на следниот начин. Серскиот митрополит еднаш го посетил селото и, незадоволен од приемот што го добил, му рекол на ѓаконот: „Ова не е Ајдонохори, туку Гајдарохори, т.е. село на магарињата“. Оваа изјава на архиерејот брзо станала позната на околното население, и оттогаш селаните почнале да го нарекуваат споменатото село Гајдарохори.[4]

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Ајдонохори, прилично големо село северозападно од Кастри. Малку земја, но одлично обработена. Во лето селаните се распрснуваат во околните полски села на работа. Од Сер до Ајдонохори 9 часа; од Кастри 1 час. Во близина на селото се наоѓа новиот манастир Св. Иван, изграден пред само 15 години. Тука се наоѓа и мермерна група што претставува двајца атлети. 120 куќи, од кои 70 се македонски, а останатите турски.[5][6]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Гајдарохор имало 1.500 жители Грци.[7] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Гајдурох (Gaïdouroh) имало 1.672 Грци и во селото работело грчко училиште.[8]

Во Грција

По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 507 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 921 лице.[2] Со потпишувањето на Лозанскиот договор во 1922 г. во селото се населиле 7 семејства (вкупно 33 бегалци), така што селото станало мешана населба. Во 1928 г. Гајдарохор е заведен со 1.098 жители.[2]

Повеќе информации Име, Ново име ...
Remove ads

Стопанство

Селото е мошне богато, бидејќи располага со плодни обработливи површини. Населението главно се занимава со земјоделство – одгледува многу памук и други индустриски култури, а произведува тутун, жито и други земјоделски производи. Внимание му се посветува и на краварството.[2]

Население

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

Во 1920 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 42 квадратни километри.[2] Општината Гајдарохор била приклучена во општината Черкезќој во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Визалтија.

Селото припаѓа на општинската единица Черкезќој со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Визалтија, во округот Сер. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Гајдарохор, во кој е единствено село.

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Цркви

Мостови

Личности

Родени во Гајдарохор

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads