Гент-Вевелгем 2017
издание 2017 на велосипедската трка Гент-Вевелгем From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Гент-Вевелгем 2017 (службено: Гент-Вевелгем — Во полињата на Фландрија[1]) — 79. издание на велосипедската еднодневна трка Гент-Вевелгем, која се одржала на 26 март како дванаесетти настан во сезоната на Светската турнеја.[2][3]
По победата на Е3 Харелбеке, два дена претходно, Грег ван Авермат ја продолжил својата добра форма со победа за Ванти-Груп Гобер во меѓусебниот спринт со сонародникот Јенс Кекелејре, кој вози за екипата Орика-Скот.[4] Двоецот се одвоил од помала група на возачи на пат кон Вевелгем. Подиумот бил заокружен од светскиот првак Петер Саган (Бора-Хансгрое),[5] откако главната група ја достигнала помалата група кон крајот на трката.
Remove ads
Рута
Трката започнала во Дејнзе во Источна Фландрија,[6] 20 километри од Гент. Рутата веднаш ги носела во Западна Фландрија и по околу 90 километри рамен терен биле близу брегот кај Верне. Потоа, повторно вртеле кон внатрешноста, продолжувајќи кон француската граница и на половина пат поминале низ Франција, со првото од десетте искачувања на трката. Потоа следел Кокерелберг, Верт Мон и двете искачувања на Мон Ноар, преку Кот ди Равел Пит и Кот де ла Бланшисер. Потоа, возачите се вратиле во Белгија и се искачиле на Банеберг, Кемелберг и Монтеберг.
Следел порамен дел со круг околу Мезен, Плугстерт и Ниускерке. Во рамки на овој круг била новината за трката во 2017 година. На 24 ноември 2016 година било објавено дека Гент-Вевелгем 2017 ќе даде почест на жртвите во Првата светска војна од Фландрија и во чест на Божиќното примирје, вклучувајќи три неасфалтирани делови кај Споменикот на исчезнатите во Плугстерт.[7] Последните две искачувања биле повторување на комбинацијата Банеберг-Кемелберг; на врвот на последното искачување останувале уште 34 километри до целта во Вевелгем.
Категоризирани искачувања и калдрми
Remove ads
Екипи
Бидејќи Гент-Вевелгем е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[8] Седум професионални континентални екипи биле дополнително поканети, заокружувајќи ја главната група од 25 екипи.[9] Бројот 192 не бил искористен во знак на почит за Антоан Демоатје, кој го носел бројот за Ванти-Груп Гобер пред неговата смрт на Гент-Вевелгем 2016.[10]
Екипи од Светската турнеја на UCI (18)
|
![]() |
Remove ads
Поредок
Завршен пласман
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads