Светска турнеја на UCI 2017
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Светска турнеја на UCI 2017 — деветто издание на системот за рангирање започнат од Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI) во 2009 година, кој вклучувал триесет и седум друмски велосипедски настани во текот на сезоната 2017.[1] Натпреварувањето започнало со воведната етапа на Тур Даун Андер на 17 јануари, а завршило со Трката околу Гуангси на 24 октомври.[2] Словакот Петер Саган бил бранител на титулата.[3] Ова издание вклучувало десет нови настани.[2]
Саган не успеал да ја одбрани својата титула, победувајќи само една трка во генералниот пласман на Гран при Квебек во септември,[4] завршувајќи како четврти; завршил еден бод зад третопласираниот Том Димулен. Пласманот бил освоен по првпат од белгискиот возач Грег ван Авермат,[5] кој вози за Ванти-Груп Гобер, освојувајќи 3.582 бода во новосоздадениот бодовен систем низ сезоната. Ван Авермат го предводел пласманот во поголемиот дел од сезоната, освојуваќи четири трки; три од нив на домашен терен на Омлоп Хет Ниусблад,[6] Е3 Харелбеке,[7] и Гент-Вевелгем,[8] и една победа во Франција на Париз-Рубе.[9] Ван Авермат завршил 130 бода пред Британецот Крис Фрум од Тим Скај. Фрум освоил две од трите големи трки во 2017 година, освојувајќи го својот четврт Тур де Франс,[10] пред да ја освои својата прва Вуелта а Еспања, со што дошол до двоецот Тур-Вуелта, првпат некој во 39 години.[11] Успехот му дале бодови во Светската турнеја и му донеле водство неколку часа пред Ван Авермат кој со седмото место на Гран при Монтреал повторно го надминал.
Во екипниот поредок, Тим Скај преовладале со 12.806 бода,[12] каде покрај победите на Фрум учествувале и Михал Квјатковски (Страде Бјанке, Милано-Санремо и Класика де Сан Себастијан), Серхио Енао (Париз-Ница) и Елија Вивијани (Јуроајс Класик и Класик Бретања). Со 154 бода зад нив биле Квик-Степ Флорс,[12] кои освоиле 30 победи на трките (вклучувајќи 16 етапни победи на големите трки) во текот на сезоната, со победи на Ив Ламперт (Дварс дор Вландерен) и Филип Жилбер (Трка околу Фландрија и Амстел Голд Рејс). Со 10.961 бод,[12] Ванти-Груп Гобер завршил на третото место главно поради успесите на Ван Авермат и победите на Ричи Порт (Тур Даун Андер и Тур де Романди) и Дилан Тенс на Трка околу Полска.
Remove ads
Екипи
Екипи кои имаат право на настап на секоја од трките за 2017 година се следниве:
Remove ads
Настани
Сите настани од минатата сезона биле вклучени, иако некои настани биле закажани на различни датуми од претходните изданија. Десет нови настани биле додадени на календарот.[2][14] Единаесеттиот настан, Трка околу Катар 2017, првично биле додадени во календарот во октомври 2016 година, но биле откажани во декември 2016 година поради недостиг на спонзори.[15][16] Уште една нова трка за Светската турнеја 2017, Трката околу Турција била одложена од првично закажаниот датум 18-23 април, во февруари.[17] Во март, по состанок на професионалниот велосипедски совет на UCI, трката била презакажана за периодот 10-15 октомври.[17]
За сезоната 2017 бил воведен и нов бодовен пласман, заснован на бодовниот опсег за Светскиот пласман. Така, до 60 возачи — до 20 возачи на големите трки — ќе може да освојат бодови на сите трки.[18][19] Со новиот бодовен систем, пласманот по земји бил исто така отстранет.[19]
Како во 2016, екипниот хронометар на Светското друмско првенство, закажан за 17 септември, требало да носи бодови за екипниот пласман. Во август 2017 година, организацијата на професионалните велосипедисти се согласиле со UCI избегнувајќи бојкот на трката, дека немало да има бодови за Светската турнеја.[20]
- Забелешки
- Бидејќи Мајер возел за националната екипа на Австралија, која не е дел од Светската турнеја, не можел да ги освои бодовите кон пласманите за Светската турнеја.
- Бидејќи Маснада возел за Андрони-Сидермек-Ботекија, која не е дел од Светската турнеја, не можел да ги освои бодови кон пласманите од Светската турнеја.
Remove ads
Бодовни пласмани
Поединечен
Возачите израмнети со ист број на бодови се подредувани по број на победи, потоа број на втори места, трети места, и натаму, на трките и етапите во Светската турнеја.[21]
- 436 возачи освоиле бодови. 200 други возачи завршиле на места кои би им донеле бодови, но биле членови на екипи надвор од Светската турнеја.
Екипен
Екипниот пласман се пресметува преку додавање на бодовите на сите возачи на екипата во табелата.[22]
Remove ads
Напредок на водството
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads