Саша Модоло
италијански велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Саша Модоло (италијански: Sacha Modolo; р. 19 јуни 1987 ) — италијански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата ЕФ Едукејшн-ИзиПост.[1]
Remove ads
Кариера
Колнаго-ЦСФ
Во пролетта 2010, стигнал до четвртото место на велосипедскиот монумент Милано-Санремо, забележувајќи го престижниот пласман.[2] По добрите резултати, блиски до победа во 2010, следеле победи во 2011, пред сè етапи на трки како што се Трката околу Данска, Трката околу езерото Кукунор, Сетимана Сиклистика Ломбарда и Џиро ди Паданија. Во 2012[3], бидејќи тој и неговите колеги се натпреварувале за место на Џиро д’Италија, Мадоло ја освоил шестата етапа на Трката околу Турција со спринт. Кога ја поминал линијата, го ставил неговиот палец во устата, посветувајќи ја победата на неговата бремена девојка.[4]
Во 2013, Модоло ја започнал годината со победа на втората етапа на Тур де Сан Луис, победувајќи го спринтерот Марк Кевендиш (Омега Парма-Квик Степ) во завршницата со блага нагорнина со неколку кривини. Модоло признал по етапата дека го проучувал пристигнувањето преку разговор со други возачи во текот на трката.[5]
Лампре-Мерида
Модоло го напуштил Бардијани Валволе-ЦСФ Инокс на крајот на сезоната 2013 и му се приклучил на Лампре-Мерида за сезоната 2014.[6] Во 2015 година, Модоло го постигнал првиот успех на петтата етапа на Трката околу Турција, освојувајќи го спринтот.[7] Ги забележал првите две победи на некоја голема трка на Џиро д’Италија, освојувајќи ги тринаесеттата и седумнаесеттата етапа.[8] За неговата победа на етапата 13 изјавил дека била негова судбина да победи во Језоло бидејќи бил негов роден крај.[9]
ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак (2018-)
Во септември 2017 година било објавено дека Модоло ќе се приклучи на екипата ЕФ Едукејшн Фирст-Драпак за сезоната 2018.[1]
Remove ads
Достигнувања
- 2006
- 1. Џиро дел Касентино
- 2010
- 4. Џиро дел Фриули
- 3. Етапа 7 Тирено-Адријатико
- 4. Милано-Санремо
- 3. Џиро дел Венето
- 2011
- 2. Ронд ван Дрент
- 2. Трка околу езерото Кукунор
- 1. Етапа 5
- 1. Етапа 1 Трка Бриксија
- 1. 2 етапи на Трка околу Данска
- 1. Копа Агостони
- 2012
- 1. Копа Берноки
- Трка околу Австрија
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 6
- 1. Етапа 6 Трка околу Турција
- 1. Етапа 2 Џиро ди Паданија
- 1.
Бодовен пласман Сиркут де ла Сарт
- 2013
- 1. Копа Берноки
- 1. Меморијал Марко Пантани
- Трка околу езерото Киншај
- 1. Етапа 2 Тур де Сан Луис
- 2. Класик РајдЛондон-Сари
- 2014
- 1. Трофео Палма
- 1. Трофео Сес Салинес
- Три дена Де Пане
- 1. Етапа 7 Тур де Сан Луис
- 1. Етапа 1 Волта ао Алгарве
- 1. Етапа 5 Тур де Свис
- 1. Етапа 5 Трка околу Пекинг
- 4. Трофео Муро-Порт д’Алкудија
- 8. Милано-Санремо
- 2015
- 1. Етапа 5 Трка околу Турција
- Џиро д’Италија
- 1. Етапа 13
- 1. Етапа 17
- 1.
Краен пласамн Трка околу Хајнан
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 4
- 6. Гран Пиемонт
- 9. Гран при де Фурмје
- 2016
- Трка околу Турција
- 1. Етапа 4
- 1. Етапа 7
- 1. Етапа 2 Чешка велосипедска трка
- 4. Бриселски велосипедски класик
- 2017
- 1. ГП Кантон Аргау
- Трка околу Хрватска
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 6
- 1. Етапа 2 Трка околу Полска
- 6. Трка околу Фландрија
- 10. Гент-Вевелгем
- 2018
- 1. Етапа 3 Вуелта а Андалусија
- 7. Јуроајс Класик
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads