Мајкл Метјус (велосипедист)
австралиски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Мајкл Метјус (англиски: Michael Matthews; р. 26 септември 1990 во Канбера) — австралиски професионален велодромски и друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Тим Џејко-АИУла.[2]
Remove ads
Кариера
Рана кариера

Бил носител на стипендија од Австралискиот институт за спорт[3]. Во 2010 станал светски друмски првак за под 23 години.[4]
Метјус го напуштил Рабобанк на крајот на сезоната 2012 и се приклучил на Орика-ГринЕЏ на двегодишен договор од сезоната 2013.[5]
Орика ГринЕЏ (2013-2016)

Метјус бил избран да вози на Џиро д’Италија 2014. Неговата екипа Орика-ГринЕЏ го освоила воведниот екипен хронометар во Белфаст. На втората етапа, Метјус завршил осми зад Марсел Кител во спринтерска завршница, исто така во Белфаст, освојувајќи ја розовата маичка како предводник на генералниот пласман од колегата Свен Тафт. Метјус ја освоил шестата етапа, ридска завршница на Монтекасино. Метјус се повлекол од Џиро по десеттата етапа откако паднал на деветтата етапа.[6]
Во 2015 година, Метјус го освоил бодовниот пласман на Париз-Ница, како и една етапа. Солидното трето место го обезбедил на италијанскиот монумент Милано-Санремо.[7] Исто така имал успех на воведната етапа на Трката околу Баскија спринтајќи во група од околу педесет возачи на ридестата етапа.[8] Потоа го освоил второто место на Брабантсе Пејл, победувајќи во спринт на групата зад победникот Бен Херманс.[9] На Амстел Голд Рејс, Метјус направил уште еден добар резултати, стигнувајќи трет на целта додека бил дел од мала водечка група.[10] На Тур де Свис, Метјус ја освоил четвртата етапа следејќи го Петер Саган во спринтот и поминувајќи го во последните метри.[11] Бил вметнат во почетниот состав за Тур де Франс 2015.[12]
На Тур де Франс 2016, Метјус бил најбрз помеѓу бегалците на десеттата етапа, со што ја освоил првата етапна победа на Тур де Франс, со што сега имал освоени етапи на сите три големи трки.[13]
Во август 2016 година било потврдено дека Метјус ќе се приклучи на Тим Санвеб за сезоната 2017.[14]
Тим Санвеб (2017–2020)

Метјус се очекувало да води борба за зелената маичка на Тур де Франс 2017 и неговите шанси биле зголемени на четвртата етапа по падот во завршниот спринт, при што Марк Кевендиш бил приморан да ја напушти трката поради повреда, а Петер Саган, победникот на пласманот изминатите шест години, бил дисквалификуван.[15][16] Метјус ја освоил четиринаесеттата етапа во намалената главна група во спринтерска завршница на нагорнина.[17] На шеснаесеттата етапа, високото темпо поставено од колегите на Метјус, го принудиле носителот на зелената маичка, Кител, да отпадне; Метјус, кој бил втор зад Кител во бодовниот пласман, ја освоил етапата.[18] На седумнаесеттата етапа, Кител паднал и се повлекол од Тур, оставајќи го Метјус во зелената маичка.[19] Метјус ја задржал маичката до Париз.
Во 2018 година ја освоил Гран при Квебек пред Грег ван Авермет и Јаспер Стејвен,[20] пред да ја освои Гран при Монтреал два дена подоцна, која ја освоил пред Сони Колбрели и Ван Авермет.[21] Поради тоа станал втор возач кој го освоил обете канадски класични трки во иста година, како што го направил неговиот сонародник Сајмон Геранс во 2014 година.[22] Во 2019 година освоил две етапи на Волта а Каталуња,[23][24] пред да ја повтори неговата победа на Гран при Квебек.[25]
Завршил трет на Милано-Санремо 2020 и подоцна истата година завршил меѓу првите десет на светското друмско првенство. Еден месец претходно ја освоил Класик Бретања, која била една од ретките трки која била возена во своето вообичаено време во текот на пандемијата на КОВИД.
Тим БајкЕксчејнџ

Во август 2020 година, Метјус потпишал двегодишен договор со Мичелтон-Скот, подоцна преименуван како Тим БајкЕксчејнџ, од сезоната 2021.[26]
Во 2021 година имал неколку силни резултати, но немал победи, вклучувајќи четврто место на Амстел Голд Рејс, петто место на Гент-Вевелгем и шесто место на Милано-Санремо. Возел на Тур 2021, но не освоил етапи. Завршил втор во бодовниот пласман, втор највисок пласман во неговата кариера, губејќи од Марк Кевендиш.
Во 2022 година имал неколку завршници меѓу првите десет на следниве трки: Брабантсе Пејл, Амстел Голд Рејс и Милано-Санремо. Ја освоил првата етапа на Волта а Каталуња, негова прва победа со Тим БајкЕксчејнџ.[27] Оваа победа била засенета бидејќи еден од неговите соперници, Сони Колбрели, за малку ќе имал фатален срцев напад откако ја поминал целта.[28] Во јуни ја освоил црната маичка во текот на Тур де Свис, која била погодена од КОВИД. Во текот на Тур де Франс 2022 имал два порази на етапите; завршил втор зад неговиот пријател Тадеј Погачар и потоа следниот ден од соперникот Ваут ван Ерт. На етапата 14 бил вклучен во бегство и преживеал до последното искачување, претекнувајќи ги сите возачи од бегството, освен Алберто Бетиол. Изгледало дека ќе биде повторно поразен, откако се здобил со грчеви и Бетиол се одвоил од него на последното искачување. Метјус успеал да се опорави, да го стигне и да го претекне Бетиол и сам до целта да дојде до прва победа на Тур во оваа деценија.[29]
Remove ads
Личен живот
Во август 2015 година се оженил со неговата девојка од Словачка, Катарина Хајзерова.[30]
Достигнувања
- 2008
- 1. Меморијал Џон Вудман
- Интернационале Брешана
- 1.
Бодовен пласман
- 1. Пролог
- 1. Етапа 3b (ITT)
- 1.
- 1. Етапа 7 Трка околу реката Мареј
- 2. Краен пласман ГП Генерал Патон
- 1. Етапа 2
- 8. Светско јуниорско друмско првенство
- 2009
- Океански друмски првенства (ноември)
- 2.
Океанско хронометарско првенство под 23 години (февруари)
- Национални друмски првенства под 23 години
- 2. Друмска трка
- 3. Хронометар
- 2. ГП дела Либерационе
- 9. Краен пласман Трка околу Јапонија
- 2010
- 1.
Светски друмски првак под 23 години
- Тур де Лангкави
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 3
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Трка околу Тирингија
- 2. Трофео Пива Банка Пополаре ди Виченца
- 2. Трка околу Фландрија
- 2. ГП дела Либерационе
- Национални друмски првенства под 23 години
- 3. Друмска трка
- 3. Хронометар
- 4. Краен пласман Трка околу Јапонија
- 1. Етапа 1 (ITT)
- 5. Краен пласман Трка околу Велингтон
- 1. Етапа 4
- 7. Рингерике ГП
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 3
- 8. Краен пласман Тур де л’Авенир
- 2011
- 1. Трка околу Келн
- 1. Етапа 2 Класик Џајко Беј
- 1. Етапа 1 Вуелта а Мурсија
- 3. Национално хронометарско првенство
- 3. Трка околу Франкфурт
- 4. Краен пласман Тур Даун Андер
- 1. Етапа 3
- 5. Краен пласман Делта Тур Зеланд
- 6. ГП Јеф Шеренс
- 2012
- 1. Класика де Алмерија
- Трка околу Јута
- 9. Краен пласман Тур Даун Андер
- 10. Брабант Пејл
- 2013
- Вуелта а Еспања
- 1. Етапа 5
- 1. Етапа 21
- Трка околу Јута
- Национални друмски првенства
- 2. Друмска трка
- 3. Хронометар
- 2. Вуелта а Ла Риоха
- 2014
- 1. Вуелта а Ла Риоха
- Џиро д’Италија
- 1. Етапа 1 (ТТТ)
- 1. Етапа 6
- 1. Етапа 3 Вуелта а Еспања
- Трка околу Словенија
- 1. Етапа 3 Трка околу Баскија
- 2. Брабантсе Пејл
- 6. Трофео Сес Салинес
- 7. Трофео Палма
- 2015
- Џиро д’Италија
- 1. Етапа 1 (ТТТ)
- 1. Етапа 3
- Париз-Ница
- Трка околу Алберта
- 1. Етапа 1 Трка околу Баскија
- 1. Етапа 4 Тур де Свис
- 2.
Светско друмско првенство
- 2. ГП Квебек
- 2. Брабантсе Пејл
- 3. Милано-Санремо
- 3. Амстел Голд Рејс
Награда за борбеност Етапа 5 Тур де Франс
- 2016
- 1. Вуелта а Ла Риоха
- 1. Етапа 10 Тур де Франс
- Париз-Ница
- Светски друмски првенства
- 3. Класик Лондон-Сари
- 4. ГП Западна Франција
- 4. Гран при Монтреал
- 5. Брабантсе Пејл
- 5. Амстел Голд Рејс
- 5. Гран при Квебек
- 2017
- Светско друмско првенство
- Тур де Франс
- 1. Етапа 1 Трка околу Баскија
- 1. Етапа 3 Тур де Свис
- 3. ГП Квебек
- 3. Класик Лондон-Сари
- 4. Лиеж-Бастоњ-Лиеж
- 5. Класик Бретања
- 8. Гент-Вевелгем
- 8. ГП Монтреал
- 9. Светска турнеја
- 10. Амстел Голд Рејс
- 2018
- 1. ГП Квебек
- 1. ГП Монтреал
- 1. Пролог Тур де Романди
- 2.
Светско првенство во екипен хронометар
- 2. Краен пласман БинкБенк Тур
- 1. Етапа 7
- 2. Трка околу Франкфурт
- 4. Класик Бретања
- 5. Флеш Валон
- 7. Светска турнеја
- 7. Милано-Санремо
- 2019
- 1. ГП Квебек
- Волта а Каталуња
- 4. Брабантсе Пејл
- 6. Трка околу Фландрија
- 8. Флеш Валон
- 2020
- 1. Класик Бретања
- 3. Милано-Санремо
- 7. Светско друмско првенство
- 2021
- 4. Амстел Голд Рејс
- 5. Гент-Вевелгем
- 6. Милано-Санремо
- 6. Гран при Кантон Аргау
- 9. Ешборн-Франкфурт
- 2022
- Тур де Франс
- 1. Етапа 14
Награда за борбеност Етапа 14
- 1. Етапа 1 Волта а Каталуња
- 1.
Бодовен пласман Тур де Свис
- 2. Гран при Квебек
- Светски друмски првенства
- 4. Милано-Санремо
- 4. Трофео Поленса-Порт д’Андрат
- 6. Трофео Алкудија-Порт д’Алкудија
- 6. Трофео Плаја де Палма
- 7. Амстел Голд Рејс
- 7. Брабантсе Пејл
Распоред на резултатите на големите трки
1 | Победник |
2–3 | Топ три |
4–10 | Топ десет |
11– | Друго место |
ДНЕ | Не учествувал |
ДНФ-x | Не завршил (се повлекол на етапа x) |
ДСК | Диквалификуван |
Н/А | Трката/пласманот не беше одржана |
НР | Нерангиран во овој пласман |
Распоред на резултатите на класиците
— = не учествувал; СО = се откажал; НСО = не се одржала
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads