Глишиќ

село во Општина Кавадарци From Wikipedia, the free encyclopedia

Глишиќmap
Remove ads

Глишиќ (понекогаш нарекувана Глишик) — приградска населба на градот Кавадарци, во областа Тиквеш. Поради својата близина со градот Кавадарци, ова некогаш големо село прераснало во приградска населба, како што и официјално е означено во статутот на Општина Кавадарци.[3]

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Ова големо село се наоѓа во североисточниот дел од Општина Кавадарци, но бидејќи лежи на само три километри од градот Кавадарци, селото влегува во рурбалната зона на централното место. Сместено е на самиот регионален пат Кавадарци-Неготино.[4] Селото е рамничарско, на надморска височина од 235 метри. Од градот Кавадарци, селото е оддалечено околу 3 километри.[4]

Поради непосредната близина, Глишиќ во текот на времето прераснал во приградска населба на градот Кавадарци. Приградската населба се наоѓа на десната страна од реката Луда Мара, во рамница и на блага падина под отсекот Градиште. Горното и Долното Маало ги раздвојува само патот.

Атарот зафаќа простор од 7,4 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 548,2 хектари, на пасиштата отпаѓаат 93,2 хектари, а на шумите само 19,5 хектари.[4]

Селото е од збиен тип, поделено на две маала, Горно и Долно Маало.[5]

Remove ads

Историја

Селото било христијанско-муслиманско и не било чифлик во турско време.[5]

Во XIX век, Глишиќ било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Селото во основа има полјоделска функција.[4]

Во минатото, селаните главно се занимавале со земјоделство.[5]

Население

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Глишиќ имало 284 жители, од кои 200 христијани и 84 муслимани.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Глишиќ имало 224 жители.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[8]

Муслиманските родови од селото се иселиле пред Втората светска војна, што може да се забележи и од податоците од спроведените пописи по војната.

Поради близината на градот, Глишиќ станало место во кое се доселувале. Така, во 1961 година селото броело 346 жители, а во 1994 година бројот се зголемил дури на 1.365 жители, од кои 1.359 биле Македонци, а пет жители Срби.[4]

Според пописот од 2002 година, во селото Глишиќ имало 1.562 жители, од кои 1.547 Македонци, 4 Власи, 5 Срби и 6 останати.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

Според истражувањата од 1920-1924 година родови во селото Глишиќ се:[5]

  • Христијански родови:
    • Старинци: Савевци (6 к.), Данаиловци-Аѓувкаровци (1 к.), Маркудеевци (2 к.), Лажовци (1 к.), Маскаровци (1 к.), Крпејке (1 к.), Кираџијовци (1 к.) и Андовци (3 к.)
    • Доселеници: Гроздановци (1 к.) доселени се во почетокот на 19 век од Кавадарци; Марковци (1 к.) доселени се во 1840 година од селото Мрежичко; Пичуровци (1 к.) и Бандевци (1 к.) доселени се средината на 19 век од Кавадарци; Јанакијевци (3 к.) доселени се во 1880 година од селото Возарци; Колевци (1 к.) доселени се во 1885 година од селото Ваташа; Димовци (1 к.) доселени се во 1888 година од селото Долни Дисан; Дубровци (1 к.) доселени се во 1894 година од селото Марена, а таму во средината на 19 век од селото Дуброво; Апостоловци (1 к.) доселени се во 1900 година од прилепското село Радобил; Дисанци (1 к.) доселени се во 1904 година од селото Долни Дисан; Караџовци (1 к.) доселени се во 1908 година од Кавадарци; Новевци (1 к.) доселени се во 1910 година од велешкото село Градско; Поп-Дафчевци (1 к.) доселени се во 1913 година од селото Марена, а таму во средината на 19 век од селото Гарниково; Колевци (1 к.) доселени се во 1913 година од велешкото село Градско.
  • Муслимански родови:
    • Старинци: Оџевци (1 к.), Шеовци (1 к.), Хаџи Алијовци (2 к.), Шатковци (3 к.), Нуминовци (3 к.), Бекировци (3 к.)
    • Доселеници: Долгачовци (3 к.) и Хаџи Цуфковци (1 к.) доселени во 1913 година од селото Долни Дисан.
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Кавадарци.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Кавадарци, во која се наоѓале градот Кавадарци и селото Глишиќ.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Кавадарска градска општина, во која покрај селото Глишиќ се наоѓале градот Кавадарци и селата Ваташа, Марена и Сопот.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Кавадарци.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.

Избирачко место

Thumb
Целосно обновената главна селска црква „Св. Димитриј“

Селото е опфатено во склоп на избирачкото место бр. 0662 според Државната изборна комисија, кое го опфаќа селото Глишиќ и дел од градот Кавадарци, кое е сместено во основното училиште во селото Глишиќ.[14]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 723 гласачи.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 717 гласачи.[16]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[17]
  • Градиште — утврдена населба од раноантичкото и римското време;
  • Грамада — населба од неолитското и римското време; и
  • Танко Патче — вила рустика од римското време.
Цркви[18][19]

Личности

Родени во Глишиќ

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads