Гарниково

село во Општина Кавадарци From Wikipedia, the free encyclopedia

Гарниковоmap
Remove ads

Гарниково — село во Општина Кавадарци, во областа Витачево, во околината на градот Кавадарци.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Пејзаж околу селото

Селото се наоѓа во средишниот дел од Општина Кавадарци, односно јужно од градот Кавадарци, недалеку од патот што води низ областа Витачево.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 680 метри. Од градот Кавадарци, селото е оддалечено околу 15 километри и лежи недалеку од локалниот пат којшто води кон Кавадарци од Витачево.[2]

Атарот зафаќа простор од 16,8 км2. На него најголема површина заземаат пасиштата на 819,4 хектари, потоа следат шумите на простор од 460,8 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 389 хектари.[2]

Селото е од збиен тип, поделено на три маала, Стредсело, Отадње и Одовадње Маало.[3]

Remove ads

Историја

Селото било христијанско и не било чифлик во турско време. Селото го основале доселеници од областа Азот кон крајот на XVII век.[3]

Во XIX век, Гарниково било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Селото во основа има мешовита земјоделска функција.[2]

Во минатото, селаните главно се занимавале со сточарство.[3]

Население

Thumb
Поглед на селото
Thumb
Селска чешма
Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Гарниково имало 460 жители.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Гарниково имало 536 жители.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[6]

Селото е мало, доведено во фаза на наполно раселување. Во 1961 година, селото броело 234 жители, а во 1994 година бројот се намалил на 12 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Гарниково имало 3 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 3 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

Како родови во Гарниково се споменуваат:[3]

  • Доселеници од Азот: Бајковци (7 к.); Анѓелковци (1 к.); Степановци (2 к.); Левовци (5 к.); Гишовци (3 к.); Мојсовци (2 к.); Шапковци (5 к.); Гравтовци (4 к.); Бакарјовци (1 к.); Гиревци (4 к.); Станковци (2 к.); Толовци (2 к.); Ташовци (2 к.); Карадаковци (2 к.); Ѓорчевци (1 к.); Јолевци (1 к.); Ширкате (1 к.); Кармаковци (2 к.) и Крштанковци (1 к.) сите се доселени на крајот од XVII век.
  • Други доселеници: Чолаковци (6 к.) доселени се околу 1800 година од селото Бегниште, подалечно потекло имаат од велешки Азот; Моклишовци-Постоловци (3 к.) доселени во исто време од селото Моклиште; Вилиповци (1 к.) доселени се од селото Бегниште, подалечно потекло од велешки Азот; Стојимчевци (1 к.) и Јованчевци (1 к.) доселени се околу 1870 година од селото Дабниште; Северовци (1 к.) доселени се околу 1880 година од Бегниште, а таму од велешки Азот; Соколовци со Велковци и Димовци (7 к.) доселени се во 1880 година од селото Бунарче, а таму се доселени од Мариово; Ризовци (1 к.) доселени се во 1886 година од селото Бунарче; Настовци (1 к.) доселени се во 1890 година од селото Праведник; Кенџовци (1 к.) доселени се во 1895 година од селото Дабниште; Мајсторовци (2 к.) доселени се во 1896 година од селото Бохула. А таму од Арнаутлук; Тасевци (1 к.) доселени се од селото Кошани, а таму од селото Куманичево; Миновци (1 к.) доселени се од селото Бунарче. А таму од селото Страгово; Левовци (1 к.) доселени се од селото Дабниште. А таму од селото Клиново во Мариово; Трпковци (1 к.) доселени се во 1900 година од селото Бунарче. А таму од селото Пожарско во Меглен; Бочовци (1 к.) доселени се во 1905 година од селото Чемерско; Рамашовци или Римишовци (2 к.) доселени се во 1905 година од селото Дабниште, таму од селото Бохула. А во Бохула од некое село Пиперово во Арнаутлук; Стојановци (1 к.) доселени се во 1905 година од селото Конопиште; Вилиповци или Филиповци (1 к.) доселени се во 1910 година од селото Бунарче. А таму од селото Барово; Крстевци (2 к.) доселени се во 1910 година од селото Конопиште; Ристовци (2 к.), Петковци (1 к.) и Атанасовци (1 к.) доселени се во 1916 година од селото Зборско во Меглен; Шоповци или Старејковци (1 к.) доселени се во 1918 година од селото Драгожел, а таму од некое село во Штипско.
Remove ads

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Кавадарци.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Бегниште, во која се наоѓале селата Бегниште, Гарниково, Дабниште, Драгожел, Кошани и Ресава.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Бегниште, во која покрај селото Гарниково се наоѓале селата Бегниште, Дабниште, Драгожел, Кажани, Куманичево и Ресава.

Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Кавадарци.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.

Избирачко место

Thumb
Целосно пропаднатата главна селска црква „Св. Мина“

Селото е опфатено во склоп на избирачкото место бр. 0701 според Државната изборна комисија, кое ги опфаќа селата Бегниште, Драгожел, Гарниково и Кошани, кое е сместено во основното училиште во селото Бегниште.[12]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 278 гласачи.[13] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 264 гласачи.[14]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Цркви[15][16]
  • Црква „Св. Мина“ — главна селска црква
  • Црква „Св. Петар и Павле“ — манастирска црква
Манастири
  • Гарниковски манастир — нов манастир (во изградба)

Редовни настани

  • Свети Мина — селска слава

Личности

Родени во Гарниково

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads