Големо Црско

село во Општина Кичево From Wikipedia, the free encyclopedia

Големо Црскоmap
Remove ads

Големо Црско — село во областа Железник, во Општина Кичево, на патот помеѓу градовите Кичево и Демир Хисар. До март 2013 година, селото било дел од поранешната Општина Другово, која била споена со Општина Кичево.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Поглед на селото од главната селска црква „Св. Атанасиј

Селото се наоѓа во областа Железник, во јужниот дел на територијата на Општина Кичево, недалеку од десната страна на патот Кичево-Демир Хисар.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 1.000 метри. Од градот Кичево е оддалечено 18,2 километри.[2]

Селото е сместено на тераса, во непосредна близина на соседното село Мало Црско.[3]

Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Мрамор, Пространска Лиска, Брежанска Планина, Бигла, Каменички Красти, Смрдлева Вода, Царе’а Млака, Пештерски Краслици, Гра’ечки Камен, Лоза, Вељо Поље, Врапо’ец, Свињишта, Рамниште и Врп.[3]

Remove ads

Историја

Thumb
Селската чешма во Големо Црско

Според верување на мештаните, во далечното минато селата Големо и Мало Црско претставувале една населба, која била сместена во месноста Грмаѓе. Жителите на населбата за да ги избегнат честите грабежи се повлекле во долините на планините Влак и Осој, со што настанале денешните две села.[4]

Во XIX век, Големо Црско било село во Демирхисарската нахија во Битолската каза на Отоманското Царство.

Remove ads

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 10,8 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 548,3 хектари, на шумите отпаѓаат 386,7 хектари, а на обработливото земјиште само 75,1 хектар.[2]

Селото, во основа, има сточарско-шумарска функција.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Големо Црско имало 265 жители, сите Македонци.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Големо Црско имало 288 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Големо Црско се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 60 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[8]

Големо Црско е мало село и е доведено во фаза на целосно раселување. Така, тоа во 1961 година броело 97 жители, додека во 1994 година само 10 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Големо Црско живееле 4 жители, сите Македонци.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

Големо Црско е чисто македонско православно село. Селото го основал еден од двајцата браќа кои пребегнале од раселеното село Црско кое постоело кај селото Поум, Струшко. Поголемиот брат го основал Големо Црско, а помалиот брат Мало Црско.[3]

Родови во селото се: Секуловци (15 к.), Андревци (6 к.), Калчиновци (2 к.), Шулевци (8 к.), Попевци (4 к.), Трпевци (5 к.), Илијовци (5 к.) и Дуковци (3 к.), сите се доселени од раселеното село Црско.

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:

  • Староседелци: Секуловци со Богојовци, Матевци, Димовци, Штерјовци, Пејовци и Дамчевци (15 к.), Илијовци (4 к.), Орлевци (3 к.), Поповци (4 к.), Шулевци (8 к.), Чоревци (1 к.), Калчиновци (2 к.), Андревци со Трпчевци и Качоровци (11 к.) и Дуковци (2 к.).[14]
Remove ads

Самоуправа и политика

Thumb
Поглед на селото
Thumb
Поглед кон главната селска црква „Св. Атанасиј“

Селото влегува во рамките на Општина Кичево, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2013 година. Во периодот од 1996-2013 година, селото се наоѓало во некогашната Општина Другово.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево. Селото припаѓало на некогашната општина Кичево во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1950-1955, селото било дел од тогашната Општина Мало Црско, во која покрај селото Големо Црско, се наоѓале и селата Велмевци, Кладник, Мало Црско, Прострање и Цер.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0781, кое според Државната изборна комисија е сместено во месната заедница во селото Цер, а во кое влегуваат селата Големо Црско, Мало Црско и Цер.[15]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 66 гласачи.[16] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 65 гласачи.[17]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 65 гласачи.[18]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Цркви[19]

Личности

  • Иван Анастасов (роден во Големо или Мало Црско) - македонско-одрински доброволец;[20]
  • Христо (роден во Големо или Мало Црско) - деец на ВМОК, делегат на Деветтиот македонско-одрински конгрес од Стара Загора[21]
  • Јанаки Анастасов (роден во Големо или Мало Црско) - македонско-одрински доброволец;[22]
  • Владо Матевски (р. 1953) - македонски ботаничар;[23]
  • Трајко Анастов Андрески — македонски револуционер од ВМОРО.[24]
  • Иван Мицев Андрески — македонски револуционер од ВМОРО.[24]
  • Ванчо Танев Андрески — македонски револуционер од ВМОРО.[24]
  • Блаже Здравев Митрески — македонски револуционер од ВМОРО.[25]
  • Дончо Дуцароски (1924-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Remove ads

Иселеништво

До 1952 година иселеници од селото имало во Бугарија (21 семејства), Битола (7 семејства), Кичево (4 семејства), САД (2 семејства), Романија (4 семејства) и во Русија (1 семејство).[14]

Иселеништвото продолжило и потоа со што селото денес е пред целосно изумирање.

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads