Поум

село во Општина Струга From Wikipedia, the free encyclopedia

Поумmap
Remove ads

Поум — село во Општина Струга, во околината на градот Струга.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Историја

На крајот на XIX век, селото било дел од Струшката нахија во Охридската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Поум живееле 360 жители, сите Албанци.[2]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Поум е претставен како чисто албанско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 60 куќи.[3]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Албанци.[4]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 168 жители, од кои 164 Албанци и 4 останати.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 67 жители, од кои 58 Албанци и 9 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови

Поум е албанско село.

Родови во селото се: Наџаклар (3 к.) доселени се од некое село во Голо Брдо, они се први доселеници, дошле во 1800 година; Дервишлар (4 к.), Исаклар (7 к.), Јашарлар (1 к.) и Зеќирлар (1 к.) потекнуваат од четири браќа: Дервиш, Исак, Јашар и Зеќир кои со нивниот татко Мемет се доселиле од местото Дарда Реч во Голо Брдо. Во родот Исаклар се знае следното родословие: Абедин (жив на 56 г. во 1980 година) Емин-Саит-Весел-Реџа-Исак, предокот кој се доселил, тоа веројатно било околу 1860 година; Биболар (13 к.) доселени се од местото Мокра во Голо Брдо, го знаат следното родословие: Аќиф (жив на 56 г. во 1980 година) Муарем-Асан-Муарем, понатамошните предци не ги знаат; Лога (3 к.), Асанлар (3 к.) и Шабанлар (4 к.) доселени се од некое село во Голо Брдо.[11]

Според истражувањата на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите.

  • Доселеници: Дервишлар (7 к.), Јашарлар (7 к.), Зеќирлар (9 к.) и Исаклар (11 к.) потекнуваат од исти предци, и се доселиле од некое село Окштуни во Голо Брдо во Албанија; Наџаклар (10 к.), Асанлар (4 к.) и Биболар (2 к.) и они се доселени од истото место како и претходните родови; Логалар или Лога (13 к.) доселени се од селото Лога во областа Матија во Албанија; Агушлар (1 к.) доселени се од селото Лабуништа. Потеклото им е торбешко; Абаз Фејзула (1 к.) доселени се од градот Струга. Они се Роми. Дојдени се сите на самиот почеток на XIX век.[12]
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Од родовите поединечно се знае за следните иселеници до крајот на 1940-тите:

  • Од Дервишлар иселеници има во: Дебар (едно семејство од 1880 година), Велешта (како домазет од 1890 година), Горенци (како домазет од 1908 година), Ливада (како домазет од 1918 година), Грција (две семејства од 1918 година), Охрид (едно семејство од 1923 година) и во Турција (четири семејства од 1921 година).
  • Од Јашарлар иселеници има во: Турција (пет семејства од 1880 година).
  • Од Зеќирлар иселеници има во: Ресен (четири семејства од 1933 година), Охрид (едно семејство од 1936 година) и во Струга (две семејства од 1938 година).
  • Од Исаклар иселеници има во: Охрид (едно семејство од 1926 година).
  • Од Наџаклар иселеници има во: Делогожда (иселени од 1863 година. Голем род се таму 22 к.) и во Тирана (три семејства од 1920 до 1933, и од 1942 година).
  • Од Асанлар иселеници има во: Корошишта (иселени од 1845 година, голем род во селото со 14 к.) и во Ново Село (едно семејство од 1908 година).
  • Од Биболар иселеници има во: Горенци (познати како Салиовци, иселени од 1908 година), Турција (три семејства од 1908 година), Тирана (пет семејства од 1908 година), Корча (три семејства од 1924 година), Охрид (едно семејство од 1928 година) и во Кроја (едно семејство од 1937 година).
  • Од Логалар иселеници има во: Ливада (иселени од 1898 година), Ново Село (иселени од 1908 година), Охрид (три семејства од 1928 година) и во Ресен (едно семејство од 1928 година).[12]
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads