Голем Папрадник

село во Општина Центар Жупа From Wikipedia, the free encyclopedia

Голем Папрадникmap
Remove ads

Голем Папрадник — село во Општина Центар Жупа, во областа Жупа, во околината на градот Дебар.

Кратки факти

Селото главно е населено со Македонци-муслимани,[2] но поради политичко-религиски причини дел од нив се изјасниле како Турци.

Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во западниот дел на територијата на Општина Центар Жупа, сместено во областа Дебарска Жупа.[3] Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 700 метри. Од градот Дебар, селото е оддалечено 10 километри.[3]

До селото води локален асфалтен пат, кој се исклучува од регионалниот пат 2249.

Историја

Подрачјето на Голем Папрадник е населено уште од доцноантичкиот период, за што сведочат повеќе наоѓалишта во неговата околина.[4]

Вкупно 9 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]

Стопанство

Атарот на селото е мошне мал и зафаќа простор од 3,7 км2, при што преовладува обработливото земјиште со површина од 144,9 хектари, на шумите отпаѓаат 104,2 хектари, а на пасиштата само 9,6 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделска функција. Во селото има фабрички погон, работат продавници и угостителски објекти.[3]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 23 домаќинства со 35 жители муслимани (Македонци) и 22 христијани (Македонци).[6]

Според статистиката на бугарскиот етнограф Васил К’нчов („Македонија, етнографија и статистика“) од 1900 година, селото Голем Папрадник имало 460 жители, сите Македонци-муслимани.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[8]

Голем Папрадник е големо село, етнички мешано, и со пораст на бројот на населението. Така, во 1961 година селото броело 897 жители, од кои 527 биле Турци, 328 Албанци и 41 Македонец, додека во 1994 година биле попишани 962 жители, од кои 736 биле Турци, 203 Македонци и 11 Албанци.[3]

Според пописот од 2002 година, селото Голем Папрадник броело 840 жители, од кои 30 Македонци, 799 Турци, 1 Албанец и 10 останати.[9]

Целосното муслиманското население на селото се Македонци-муслимани, но поради политичко-религиски причини се пишале како Турци. Во тој однос, треба да се напомене дека селото е населено исклучиво со Македонци, бидејќи жителите попишани како Турци се всушност Македонци-муслимани како и сите останати жители на селото. Доказ за тоа е наглата промена во изјаснувањето на жителите како Македонци и Турци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 443 жители, од кои 22 Македонци, 11 Албанци, 329 Турци, 1 Бошњак, 1 останат и 79 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Родови

Голем Папрадник е торбешко (македонско-муслиманско село).[15]

Според истражувањата од 1954 година, родови во селото:

  • Македонски родови:
    • Муслимански родови:
      • Староседелци: Емровци (2 к.), Метовци (2 к.), Грушовци (4 к.), Данчевци (2 к.), Зенговци (5 к.), Палеушовци (3 к.), Лимановци или Селовци (1 к.), нивниот род бил пред изумирање, но го продолжил Село од Новак, кој бил од турско потекло. во овој род се зборува сега македонски, Исовци (3 к.), Чичовци (5 к.), Имеровци (4 к.), Дуровци (3 к.), Деаровци (5 к.), Пирденовци (4 к.), Аџовци (8 к.), Зунчевци (4 к.), Кадријовци (6 к.), Змејовци со Алијовци, Тафовци, Селовци и Ѓоркутовци (21 к.).
      • Доселеници: Гутковци (18 к.), потекнуваат од предок доселен од селото Коџаџик во 1818 година, сега во овој род се говори македонски; Баулевци (7 к.) доселени во 1829 година од селото Коџаџик, и во овој род сега се говори македонски; Маловци (3 к.), доселени се околу 1830 година од некое село во Тиквешкиот регион и Рафмановци (3 к.), доселени се во 1900 година од селото Кочиште.

Иселеништво

До 1954 година од селото има иселеници во Турција (5 семејства) и тоа во Бурса, Бергама, Бадемлија крај Бергама, а некои и во Дебар, потоа во градот Урошевац во Косово и во селото Зелениково.[15]

Remove ads

Општествени установи

Thumb
Сретселото
  • Пошта
  • Амбуланта
  • Месна заедница

Самоуправа и политика

Кон крајот на XIX век, Голем Папрадник било село во Дебарската каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Центар Жупа, која била една од ретките општини, кои не биле променети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така припаѓало на некогашната Општина Центар Жупа.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Дебар.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Баланци, во која влегувале селата Бајрамовци, Баланци, Броштица, Голем Папрадник, Горенци, Житинени, Мал Папрадник и Пареши. Во периодот 1950-1952 година селото исто така било дел од некогашната општина Баланци.

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 0562 и 0562/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месната заедница.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 1.282 гласачи.[17] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.315 гласачи.[18]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта[4]
Џамии[19]
Споменици
  • Споменик за загинати борци во НОБ
Реки[20]

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads