Горно Оризари (Скопско)

село во Општина Шуто Оризари From Wikipedia, the free encyclopedia

Горно Оризари (Скопско)map
Remove ads

Горно Оризари — село во Општина Шуто Оризари во Скопје.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Историја

Во XIX век, селото е дел од нахијата Кара Даг во Скопската каза во Отоманското Царство. Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било мешано со христијанско и муслиманско население, каде имало 9 христијански[2] и 4 муслимански[3] домаќинства. На овој попис биле забележани 18 мажи христијани, со 2 новороденчиња и 11 мажи муслимани со 1 новороденче. Се проценува дека селото во тој период имало 64 жители.

Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 227 жители.[4]

Remove ads

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.[5]

Според пописот од 2002, селото брои 454 жители, од кои: 444 Македонци, 9 Срби и 1 останат.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 540 жители, од кои 455 Македонци, 4 Албанци, 46 Роми, 13 Срби, 1 останат и 21 лице без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

Горно Оризари е македонско село.

Според истражувањата од 1950-тите, родови во селото се:

Мирчевци (6 к.) доселени се од селото Копаница, Полошко. Во споменатото село пред околу 220 години живееле двајца браќа и една сестра, нивната сестра за жена сакал да ја земе некој Албанец, но браќата не ја давале и го убиле Албанецот, и едниот брат побегнал во селото Брезно, а вториот најпрво во селото Кучково, потоа прешол во селото Орман, па од таму во Горно Оризари. Го знаат следното родословие: Димитрија (жив на 90 г. во 1950-тите) Миајле-Јован-Трајко, предокот кој се доселил во селото; Таневци (8 к.) доселени се од некое албанско село во околината на Витина, Косово. Го знаат следното родословие: Павле (жив на 70 г. во 1950-тите) Петре-Тане-Стевко, предокот кој се доселил, нив во местото на старина ги истерале доселените Албанци; Станковци (4 к.) доселени се од истото место како и претходниот род, го знаат следното родословие: Стојан (жив на 55 г. во 1950-тите) Станко-Велко-Станко, основачот на родот; Кусо-Митревци (1 к.) отсекогаш имале една куќа, местото на старина како кај претхидните два рода, го знаат следното родословие: Славе (жив на 35 г. во 1950-тите) Никола-Петре-Митре, основачот на родот; Каскаровци (2 к.) доселени се пред крајот на турското владеење од селото Мирковци, Скопска Црна Гора. Подалечно потекло имаат од селото Блаце, Кај Качаник. Го знаат следното родословие: Александар (жив на 30 г. во 1950-тите) Божин-Нешо-Петре, кој се иселил од Блаце.[12]

Remove ads

Општествени установи

Цркви[13]

Личности

Родени во Оризари:

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads