Горно Трогерци

село во Општина Карбинци From Wikipedia, the free encyclopedia

Горно Трогерциmap
Remove ads

Горно Трогерци — мало село во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Ова мало село се наоѓа во крајниот северозападен дел на територијата на Општина Карбинци, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Пробиштип.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 555 метри. Од градот Штип е оддалечено 16,5 километри на север, додека од регионалниот пат Штип-Кочани е оддалечено 7,7 километри.[2]

До селото води земјен пат, кој се двои кај селската црква во соседното село Долно Трогерци.

Remove ads

Историја

Во XIX век, Горно Трогерци било село во Штипската каза на Отоманското Царство.

Во текот на Првата светска војна, селото било бомбардирано, а авионски бомби од тој период се наоѓаат и денес.[3]

За време на Српската окупација од 1912 г. до 1941 г. (подоцна од 1918 г. Кралство на Србите, Хрватите и Словенците; од 1929 г. до 1941 г. Кралство Југославија) селото страда силно.[4] Трајчо Филипов бил тепан во една плевна, додека жена му Василка Т. Филипова била осудена на смрт. Сокршени од тепање биле Трајчо Дафков и Катерина Ст. Дафкова. Исто така на смрт осудени биле Пано Бунчев и Стојко Дафков. Двајцата побегнале по бунтот во Овче Поле во Бугарија.[4]

Remove ads

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 9,5 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 520,8 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 401,8 хектари, а на шумите само 8,5 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 138 жители, сите Македонци.[5] Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 112 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[7]

Селото е мало, во фаза на целосно раселување. Во 1961 година селото броело 248 жители, а во 1994 година само пет жители, македонско население.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Горно Трогерци живеел 1 жител, Македонец.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Remove ads

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1955 до 1965 година.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Крупиште, во која покрај селото Горно Трогерци, се наоѓале и селата Горни Балван, Долни Балван, Крупиште, Пишица и Уларци. Селото припаѓало на Општина Долни Балван во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Батање, Горни Балван, Горно Трогерци, Долни Балван, Долно Трогерци и Чардаклија.

Избирачко место

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 2318 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на поранешното основно училиште во селото Горни Балван. Во избирачкото место е опфатено и селото Горни Балван.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 36 гласачи.[14]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 33 гласачи.[15]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Главната селска црква „Св. Јован Крстител“
Археолошки наоѓалишта[16]
Цркви[17]
Манастири
Remove ads

Личности

Родени во или по потекло од Горно Трогерци

Галерија

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads