Кронцелево
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Кронцелево или Кронцелово (грчки: Κερασέαι[2], Керасее, до 1926 година Κροντσέλοβον, Кронцеловон[3]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Воден на Постолскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 473 жители (2011). Сè до 1879 г. населението било исклучиво македонско.[4]
Remove ads
Географија и местоположба
Селото е сместено во југоисточните падини на планината Кајмакчалан, на надморска височина од 700 м.[4]
Историја
Кронцелево историски било чисто македонско село во Воденската каза. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. во Грунцелово (Grountzelovo) има 120 куќи со вкупно 545 жители, од кои 375 Македонци и 170 Македонци-муслимани.[5] Во 1866 г. зела замав бугарската пропаганда со отворањето на бугарско училиште.[6]
Во 1879 г. турските власти тука населиле босански муслимани[4] кои се иселиле од Босна при нејзиното припојување кон Австроунгарија и селото добило мешан етнички и јазичен состав.
Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) вели дека во 1900 г. селото имало 580 жители, но погрешно го заведува населението како мешано од Македонци-христијани и Македонци-муслимани[7][8]. Истата грешка ја прави и Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), кој вели дека во 1905 г. во Кронцелово (Krontzelovo) имало 416 Македонци[7][9] За разлика од нив, Боривое Милоевиќ во 1917-18 г. правилно регистрирал 60 македонски и 50 босански муслимански куќи[4] Сето време селото било под врховенството на Бугарската егзархија и работело бугарско училиште.
Во октомври 1910 г. селото настрадало за време на разоружувачката акција на младотурците. На 22 октомври селото го окупирала младотурска војска и во судирите со неа загинале Ристо Крезов, Дине Крезов, Ванe Миндев, Аламан Минов и Ванe Минов.[10]
Со Букурешкиот договор во 1913 г. селото е припоено кон грчката држава, кога имало 311 жители[4]. Во 1920 г. се заведени 488 жители, од кои сосема малку муслимани.[4] Во 1924 г. согласно Лозанскиот договор и преостанатите муслимани се иселени во Турција, а на нивно место се доселени 115 турски Грци[4], со што селото останало мешано, но преовладувале Македонците. Во 1928 г. селото е преименувано во Керасее, кога имало 474 жители.[4]
Во 1940 г. во селото живееле 570 жители, од кои 500 Македонци и само 79 доселени Грци.[4] Доселените Грци го напуштиле Кронцелево за време на Граѓанската војна, но истото го направиле и повеќе македонски семејства, преоѓајќи во Р Македонија поради големите страдања во селото.
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Воден со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Воден, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Теово, каде покрај Кронцелево спаѓа и селото Теово.
Стопанство
Иако е планинско, селото е мошне богато поради големото производство и извоз на цреши, а мошне развиено е и сточарството поради погодниот терен.[4]
Знаменитости
- Црква „Св. Димитриј“ од 1800 г.
Личности
- Христо Чичов (1871-?) — револуционер на МРО
- Никола Иванов (1887-1909) — револуционер на МРО
- Иван Шамарданов (1921-1948) — партизан од НОФ и ТОМО
- Ташко Георгиевски (1935-2012) — македонски писател
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads