Треболец

село во Воденско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Треболецmap
Remove ads

Треболец (грчки: Μαυροβούνι, Мавровуни; книжевно: Μαυροβούνιον, Мавровунион; до 1927 година: Τρέμπολιτς, Треболиц[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Вртикоп, во Централна Македонија, Грција.

Кратки факти Треболец Μαυροβούνι, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Thumb
Главната улица во Треболец

Селото се наоѓа во непосредна близина на градот Вртикоп, од неговата северна страна крај самиот пат од Вртикоп за гратчето С’ботско, на надморска височина од 50 метри.[3] Селскиот атар зафаќа површина од 9 квадратни километри.

Сместено е во областа Сланица.

Историја

До 1924 година, селото било населено исклучително со македонско население.[3]

Во 1920-тите години, во селото биле населени грчки бегалци од Турција. Во 1928 година, селото претставувало мешана населба со 43 бегалски семејства со вкупно 178 жители.[4]

Во 1927 година селото добило ново име, Мавровуни (Μαυροβούνι), што во превод означува „црна планина“.

Стопанство

Населението се занимава со земјоделство, а главни производи се овошје (праски и јаболка) и жито. Во помала мера развиено е и сточарството.[3]

Население

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Треблец (Trébletz) е село во Воденската каза на Отоманското Царство со 22 куќи со вкупно 93 жители.[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година, Требулец имало 90 жители Македонци и 42 Роми.[3][6] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Треболец (Treboletz) имало 80 Македонци.[3][7]

Во 1920 година, Треболец било посочено со 10 македонски куќи и 3 куќи на Роми-муслимани.[3][8]

Селото Треболец во пописот од 1913 година било забележано со 92, а во 1920 година со 120 жители. Во 1924 година во оваа релативно мала чифлигарска населба грчките власти населиле повеќе бегалски семејства (вкупно 198 бегалци), така што Треболец станало мешана населба, која во 1928 година имала 398 жители, а во 1940 година 491 жител (од нив 161 Македонец и 330 бегалци). По војната, бројот на жители се зголемувал. Така во 1951 година селото имало 686, во 1961 година 823, во 1971 година 869, во 1981 година 1.012, а во 1991 година 1.067 жители. Зголемувањето на бројот на населението во последните децении се должело на богатата почва, која речиси целосно се наводнува.[3]

Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 1.021 жител. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 1.006 жители.

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Remove ads

Самоуправа и политика

Селото припаѓа на општинската единица Вртикоп со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Вртикоп, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Треболец, во кој е единствено село.

Личности

Родени во Треболец
  • Јорданис Џамџис (р. 1951) — грчки политичар

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads