Дарко Дамески

македонски глумец From Wikipedia, the free encyclopedia

Дарко Дамески
Remove ads

Дарко Дамески (Прилеп, 12 мај 1932 - Скопје, 12 декември 1983) — еден од најистакнатите македонски театарски, филмски и телевизиски глумци.

Во 1952 година ја заврши Државната средна театарска школа во Скопје. Беше член на Драмскиот ансамбл на Македонскиот народен театар во Скопје.

Во 1964 година, Дамески стана член на Драмскиот театар на чија сцена остварил четириесетина ликови во кои дошол од израз приврзаноста кон театарската уметност.

Во историјата на македонскиот филм неговото име е забележано уште во самите почетоци во „Волчја ноќ“, а потоа следуваат уште триесетина главни улоги, речиси во сите македонски филмови. Ликот на Дарко Дамески бил присутен и на малиот екран, почнувајќи од првите телевизиски драми на ТВ Скопје, до речиси сите телевизиски серии и други позначајни емисии и проекти.

Последните години од животот ги посвети на монодрамата преку која остварувал најширок допир со публиката.

Remove ads

Животопис

Тој бил роден на 12 мај 1932 година во Прилеп. На 17 годишна возраст, тој се запишал на школување на тогашната Државна театарска школа во Скопје. Тој уште во текот на школувањето пројавил многу голем интерес за глумата. Поради таа причина тој уште во текот на неговото школување настапувал во Македонски народен театар и уште во самиот почеток дошол до израз неговата приврзаност кон театарот и глумата. Во Македонскиот народен театар има остварено многу настапи и има остварено многу значајни улоги. Но тој не застанал тука, туку тој се фрлил во водите на филмската глума. Дамески својот прв филмски ангажман го забележале со епизодната улога во првиот македонски филм наречен „Фросина“. После неговиот доста успешен настап во овој прв македонски филм тој настапува скоро во сите македонски филмови. Во повеќето од тие филмови има настапувано во главната улога, во споредна улога или пак како глумец. Неговиот физички изглед односно неговата физиономија ги одредила и ликовите коишто ги има толкувано. Тие ликови се претежно негативци, со одредени исклучоци. Дамески има многу голем углед и на основањето на Драмскиот театар во Скопје. Тој во неговиот живот остварил многу значајни и успешни улоги за коишто добил многу значајни награди и признанија. Едно од неговите најголеми достигнувања била глумата во филмот „Црно семе”, со којашто ја збогатил својата глума со нови изразни средства, и бил добитник на Наградата „Златна Арена” на филмскиот фестивал во Пула. Дамески бил активен во полето на глумецстовото сè до неговата смрт. Тој починал 1983 година во Скопје.

Remove ads

Филмографија

Година Филм Улога
1952Фросина ТВ-филм
1955Волчја ноќ ТВ-филмДавениот војник
1958Мис Стон ТВ-филмАлексо
1959Виза на злото ТВ-филм
1960Ҝапетан Леши ТВ-филмСкендер
1961Мирно лето ТВ-филмДарко левучарот
1961Солунските атентатори ТВ-филмИлија Трчков
1962Обрачун ТВ-филм
1964Ароматично злато ТВ-филм
1964Под исто небо ТВ-филм
1965Денови на искушение ТВ-филмМетоди
1966До победата и по неа ТВ-филм
1967Лифт горе, лифт долу ТВ-филм
1967Македонска крвава свадба ТВ-филм
1968Планината на гневот ТВ-филм
1968Ука и Бјескеве те немура ТВ-филмБечир Ага
1968Споменик ТВ-филм
1968Брат доктор Хомер ТВ-филм
1969Време без војна ТВ-филмЛазар
1969Итрата вдовица ТВ-филм
1969Враќање од рајот ТВ-филм
1970Цената на градот ТВ-филм
1970Александра ТВ-филм
1971Жед ТВ-филмИгнат
1971Македонскиот дел од пеколот ТВ-филмТодор Ангелов Даскалот
1971Црно семе ТВ-филмАндон Савичанов
1971Пречек ТВ-филмЖивко
1971Земјаци ТВ-филм
1972Истрел ТВ-филм
1973Залез над езерска земја ТВ-серијаМанитат
1973Со ТВ-филмНикола
1975Јад ТВ-филм
1975Волшебното самарче ТВ-серија
1975Илинка ТВ-филм
1976Најдолгиот пат ТВ-филмСекула
1976Сослушување на железничарот ТВ-филмНачалник дучев
1977Исправи се, Делфина ТВ-филм
1977Вапцаров ТВ-филмНикола Јанков
1979Курирот на Гоце ТВ-серијаГоце Делчев
1979Наши години ТВ-серија
1980Оловна бригада ТВ-филмБлагоја
1981Доротеј ТВ-филмЛаус
1981Црвениот коњ ТВ-филм
1982Илинден ТВ-серијаЕкрем
Remove ads

Кратка содржина на некои од филмовите

Волчја ноќ

Овој филм е снимен 1955 година и е во времетраење од 83 минути.Тој е снимен во црно бела техника во производство на Вардар филм-Скопје.Волчја ноќ е филм од воен жанр од родот на играни филмови.Имено се опишува една ноќ на македонските партизани кои биле во некој планински предел на Македонија под бугарска окупација.Многумина од нив загинуваат во престрелките кои се водат таму, но некои сепак успеваат да преживеат и да им помогнат на другите партизани.Овој филм има освоено две награди.И двете награди ги има освоено во Пула во 1955 година, и тоа Сребрена арена за филм и Златна арена за сценарио на Славко Јаневски.

Мис Стон

Овој филм е снимен 1958 година и е во времетраење од 97 минути, снимен во црно бела техника во производство на Вардар филм-Скопје.Филмот е од историски жанр од родот на играни филмови.Елен Стон е Американка која е тргната во мисионерска мисија во Солун.Нејзе ја грабнуваат македонските комити и бараат откуп од турската влада.Таа во почетокот се противи но откако согледува какви злодела прават турските аскери застанува на страната на комити.Овој филм има освоено три награди во Пула, Златна арена за главна машка улога, златна арена за главна женска улога и златна арена за сценографија.Исто така има освоено и две почесни дипломи.Едната во Еднибург, а другата во Њу Делхи.

Виза на злото

Филм снимен 1959 година, во времетраење од 89 минути исто така во црно бела техника во производство на Вардар филм-Скопје.Овој филм е од криминалистички жанр од родот на играни филмови.Симон е млад човек кој решил на нелегален пат да се збогати, шверцувајќи дрога.Се разбира поради тоа негово непромислено дело имал несогледливи последици и бил гонет од власти на законот.

Македонска крвава свадба

Овој филм е снимен 1967 година во вајдскрин техника со времетраење од 102 минути, во производство на Вардар филм-Скопје.Тој е филм од историски жанр и му припања на родот играни филмови.Во овој филм се разкажува како еден турски бег ја грабнува Цвета и ја води во неговиот харем.За да ја ослободат на Цвета нејзините соселани и некулку дипломатски претставници вложиле напор за нејзино ослободување.Тој нивни труд бил успешен.Тие успеале да ја ослободат на Цвета.Но на денот на нејзината свадба со нејзиниот сакан, Спасе бегот доаѓа со неговите војници и почнуваат пукотници на сите страни.Цвета гине, а Спасе г6о убива бегот и заминува во комити.Овој филм има освоено златна ар4ена за сценографија во Пула и златна плакета со ликот на Ленин по повод прикажувачкиот успех во СССР.

Исправи се, Делфина

Филм од 1977 година, во времетраење од 101 минута, снимен во вајдскрин техника, во производство на Вардар филм-Скопје.Тој припања на жанрот психолошки филмови, од родот на играни филмови.Делфина е многу добра пливачка.Таа е решена да ги совлада сите тешкотии и препреки кои ќе и застанат на нејзиниот пат до целта.Нејзината цел е да истрае во совладувањето на водите на канал Ламанш.Односно таа сака да го преплива истиот канал.Таа поради нејзините крајно исцрпувачки напори со последни сили успева да го преплива Ламанш и да се исправи на нозе.Така таа ја оставирила својата најголема цел и го постигнала невозможното.Овој филм има освоено многу награди.Како позначајни можат да се издвојат бронзената арена во Пула, наградата за главна женска улога исто така доделена во Пула и др.

Црно Семе

Филм снимен 1971 година, во времетраење од 89 минути, снимен во вајдскрин техника, во производство на Вардар филм-Скопје.Филмот Црно семе припаѓа на родот на играни филмови од историски жанр.За време на Граѓанската војна во Грција, во 1946 година, припадниците на кралската грчка војска, во чиј состав влегуваат и Македонците од Егејска Македонија, под обвинение дека се комунисти и непријатели на кралска Грција, се казнуваат со упатување во логор на пуст остров.Понатаму тие се соочуваат со многу проблеми и морални падови, пред кои некои од нив попуштаат.Овој филм е посебно важен за глумецот Дамески, бидејќи за својата главна улога во овој филм, ја има добиено златната арена за најдобра машка улога во 1971 година во Пула и уште многу други награди.Филмот Црно семе има добиено многу награди, од кои вреди да се споменат наградата златна арена за режија, златна арена за најдобра машка улога, златен венец за најдобро дебитанско остварување доделени во Пула, 1971 година.Се разбира Црно семе има добиено и уште многу други награди, кои нема да ги споменеме во оваа пригода.

Remove ads

Останати филмови

Дамески како одличен глумец има глумено и во неколку немакедонски филмови кои се снимени во нашите соседни земји.Некои од нив се следниве филмови: “ВОЛКОТ ОД ПРОКЛЕТИЕ” (UKA I BJESHKAVE TE NEMUNA) снимен во 1968 година во Приштина, потоа филмот “СОЛ” (SO) снимен во 1973 година во Сарајево, и филмот “ДОРОТЕЈ” (DOROTEJ) снимен во 1981 година во Белград.Сите овие филмови се од жанрот на играни филмови.

Remove ads

Награди

Како еден од македонските врвни глумци Дамески има освоено неколку позначајни награди и многу признанија.Од нив како позначајни можат да се издвојат специјалната награда за филмот “Планината на гневот” која ја има добиено во 1967 година во Ниш.Како и наградата која претставува врв на неговиот филмски успев, наградата Златна арена која му била доделена на фестивал во Пула во 1971 година.Потоа наградата Голема повелба за главна улога која му била доделена истата година за истиот филм во Ниш.Како и Републичката награда 11 Октомври која му била доделена во 1972 година повторно за филмот “Црно Семе”.Се разбира има и многу други награди и признанија кои Дамески ги има освоено а кои нема да ги спомене.

Remove ads

Надворешни врски

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads