Деле Али

From Wikipedia, the free encyclopedia

Деле Али
Remove ads

Бамиделе Џермејн "Деле" Али (англиски: Dele Alli; роден на 11 април 1996 во Милтон Кинс) — англиски фудбалер, играч од средниот ред на Тотенхем и на англиската репрезентација.

Кратки факти Деле Али, Лични податоци ...
Remove ads

Животопис

Али е роден и израснал во Милтон Кинс, Бакингхампшир, од нигериски татко Кени и мајка англичанка Денисе.[2] Во детството тој бил голем навивач на Ливерпул и на Стивен Џерард.[3][4][5]

Технички одлики

Подолго време се смета за еден од најголемите таленти на англискиот фудбал, Али е модерен играч од средниот ред, таканаречен "box-to-box", со можност да игра на повеќе позиции во средниот ред и во двете фази на играта.

Клупска кариера

Милтон Кинс Донс

Thumb
Деле Али во дресот на Милтон Кинс Донс во 2015.

Али е производ на младинскиот сектор на Милтон Кинс Донс, кому му се приклучил кога имал само 11 години.[3] Своето деби за првиот тим го направил на 2 ноември 2012 со само 16 години, кога влегол како замена на местото на Џеј О'Шеи во 64-тата минута од натпреварот од првото коло на ФА Купот против Кембриџ Сити што завршил 0-0.[6] Единаесет дена подоцна во преигрувањето против Кембриџ, Али го постигнал својот прв професионален погодок во победата на неговата екипа со 6-1 победа на домашен терен.[7] Својот прв лигашки настап го направил на 29 декември во поразот на домашен терен од Ковентри Сити со 2-3 почнувајќи како стартер, но бил заменет во 71-вата минута од Зели Исмаил.[8] До крајот на сезоната Али одиграл само уште еден првенствен натпревар и тоа во последното коло против Стивениџ во победата со 2-0, влегувајќи од клупата.

Следната сезона тој станал стандарден првотимец, правејќи 33 настапи во Лига Еден и постигнал 6 гола.

На почетокот на сезоната 2014-2015 Али бил во одлична форма и тоа го потврдил на 26 август 2014, кога ги одиграл сите 90 минути во историската победа на МК Донс над Манчестер Јунајтед со 4-0 во вториот круг од Лига Купот.[9] После натпреварот било објавено дека голем број на скаути од големите клубови во Европа присуствувале на натпреварот за да го видат Али како игра, вклучувајќи ги и претставниците на Баерн Минхен и Ливерпул.[3][10] На 20 септември постигнал хет-трик (негов втор во кариерата) во победата со 6-1 на домашен терен над Кру Александра. Тој продолжил со својте добри игри во текот на сезоната во Лига Еден, постигнувајќи 16 гола и помагајќи му на МК Донс да избори промоција во Чемпионшип лигата откако го освоиле второто место.

Тотенхем

На 2 февруари 2015, во последните часови од трансферниот прозорецот Тотенхем го купил Али за 5 милиони фунти, потпишувајќи договор на пет години, но го оставиле младиот играч од средниот во неговиот клуб МК Донс до крајот на сезоната 2015-2016. Во текот на летото 2015, Али му се приклучил на Тотенхем за подготовките за следната сезона 2015-2016. На 8 август 2015, Али го направил своето деби за Тотенхем во Премиер лигата против Манчестер Јунајтед во поразот со 1-0 нагости на Олд Трафорд, играјќи како замена во последните во 13 минути на местото на Ерик Дајер.[11] Две недели подоцна, тој го постигнал својот прв гол за клубот по влегувањето во игра на местото на Кристијан Ериксен во ремито 1-1 против Лестер Сити.[12]

Thumb
Али во дресот на Англија во 2015.

На 13 септември, Али го направил својот прв старт за Тотенхем во победата со 1-0 над Сандерленд на Стадионот на светлината.[13] На 2 ноември, го постигнал својот втор гол за сезоната во победата со 3-1 над Астон Вила.[14] Шест дена подоцна, тој го одиграл своето прво Северно-лондонско дерби започнувајќи како стартер заедно со Ерик Дајер на центаралните позиции во средниот ред, и бил прогласен за играч на натпреварот во ремито 1-1 со Арсенал.[15] На 23 јануари 2016, Али постигнал фантастичен гол во последните минути десет минути од натпреварот против Кристал Палас за да ги доведе "петлите" во водство со 1-2 (на крајот Тотенхем победил со 1-3);[16] голот дошол откако успеал да исконтролира една незгодна топка на работ од шеснаесетникот притоа префрлајќи ја преку противничкиот играч и со волеј-удар од свртување го совладал голманот во поблискиот агол. На 10 април бил стрелец на првиот гол во победата со 3-0 над Манчестер Јунајтед на Вајт Харт Лејн. На 18 април Али постигнал два гола во победата на Тотенхем со 4-0 на гостувањето кај Стоук Сити,[17] стигнувајќи до бројката од десет гола во неговата дебитантска сезона во Премиер лигата.[18]

Remove ads

Репрезентативна кариера

На репрезентативно ниво Али ја претставувал англиската репрезентација во селекциите под 17, под 18, под 19 и под 21 година.

Во февруари 2015 Али добил повик да игра за Нигерија од каде е и по потекло.[19] Сепак, на 1 октомври истата година, тој добил повик од селекторот на англиската репрезентација Рој Хоџсон за последните два квалификациски натпревари за европското првенство 2016 против Естонија и Литванија.[20] Дебитирал на 9 октомври против естонците, влегувајќи како замена во завршницата од натпреварот на местото на Рос Баркли во победата со 2-0.[21] На 17 ноември 2015, во својот прв старт за националниот состав Али го постигнал и својот прв гол совладувајќи го својот соиграч од Тотенхем Иго Лорис со удар од далечина во победата над Франција со 2-0 во пријателски натпревар одигран на Вембли.[22]

Хронологија на репрезентативните настапи

Повеќе информации Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Англија, Дата ...
Remove ads

Клупска статистика

Статистиката е ажурирана на 12 април 2016.

Повеќе информации Сезона, Клуб ...
Remove ads

Натпревари во кој постигнал хет-трик

Повеќе информации Мидоу Лејн, Нотингем ...

Повеќе информации Ем-Кеј стедиум, Милтон Кинс ...
Remove ads

Видеа

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads