Делта Јарец

From Wikipedia, the free encyclopedia

Делта Јарец
Remove ads

Делта Јарец(δ Јарец) или уште именуван како Денеб Алгеди (или како Денеб Алгеди)[5][6], е двоен ѕвезден систем[7] оддалечен приближно 39 светлосни години, кој се наоѓа во соѕвездието на Јарецот(морска коза). Главната ѕвезда во системот е бел џин, чија светлина здружена со останатите тела ја прави најсветлата ѕвезда во соѕвездието. Бидејќи скоро има форма на елипса, Делта Јарец може да биде помрачена од страна на Месечината и ретко од страна на планети.

Кратки факти Соѕвездие, Ректасцензија ...
Remove ads

Ѕвезден систем

Делта Јарец е елипсен, двоен ѕвезден систем сличен на Алгол, со орбитален период од 1,022768 дена и наклон близок со видикот од Земјата[7]. Највисоката очигледна, визуелна величина на парот е 2.81. При затемнување на главната ѕвезда, оваа величина се намалува за 0,24. Го примарната ѕвезда ја затемнува секундарната, величината се намалува за 0,09.[8]

Главната ѕвезда, Делта Јарец А, има ѕвездена класификација како A7м III,, при што укажува дека е џин на којшто му се исцрпени изворите на водород во неговото јадро. Поточно, ова е карактеристична Ам ѕвезда со спетктрален тип kA5hF0мF2 III ставена под ревидираниот МК систем[9]. Оваа нотација укажува дека К-линијатa се совпаѓа со температурата на некоја А5 ѕвезда, водородниот спектрален тип се совпаѓа со на Ф0 ѕвезда и металните апсорпциони линии се совпаѓаат со оние на Ф2 ѕвезда.[10]

Во минатото, оваа ѕвезда се сметала дека била променлива на Делта Скути, што е редок случај за Ам ѕвезда. Оваа категоризација била ставена под знак прашање кога во 1994 година, при набљудувања се видело дека не е инхерентно променлива.[11] Споредена со Сонцето, главната ѕвезда има дупло поголема маса и скоро двапати поголем полупречник.[12] Ротира брзо со проектирана вртежна брзина од 105 км с−1[13](Оваа вртежна стапка е синхронизирана со орбиталниот период). Треба да се земе предвид дека ова е невообичаено за Ам ѕвезда да има толку висока вртежна брзина[11]. Надворешната обвивка зрачи енергија на делотворна температура од 7,301 келвини[10], давајќи и бел сјај на ѕвезда од А-тип[14]. Секундарната ѕвезда е тип Г или К со маса приближна на масата на Сонцето(90%).[12]

Постојат 2 оптички придружника. Ѕвезда со величина од 16 е 1 лачна минута оддалечена, додека пак ѕвезда Д со величина од 13 е 2 лачни минути оддалечена од системот.

Remove ads

Обсервациона историја

Во 1906 година, астрономот Весто Слифр открил дека Делта Јарец бил спектроскопски двоен ѕвезден систем[15]. Орбитата била детерминирана во 1921 година од страна на Клифорд Крамп користејќи 69 радијални мерки за брзина добиено од Опсерваторијата Јеркес.[16] Сепак, природата на елипсниот двоен систем не била откриена сè до 1956 година од страна на Олин Џ. Еген.[17]

Имиња и културни асоцијации

Традиционалното име 'Денеб Алгеди' потекнува од арапскиот збор ذنب الجدي (ðanab al-jady) што значи „опашот на козата“, покажувајќи на рибниот опаш на небесната морска коза, Јарец. Според астрологијата, претставувањето на флексибилниот опаш на Денеб Алгеди се одразува во асоцијацијата дека носи и добра и лоша среќа.[18] Таа е една од Бехенските ѕвезди од средновековната астрологија, асоцирана со халкидонскиот, риганскиот и кабалистичкиот симбол .

Во кинеската астрономија, Делта Јарец е позната уште како 壘壁陣四 (Lěi Bì Zhèn sì), што значи „Четвртата ѕвезда од линијата на ѕидини“.[19] Ова покажува на нејзиното постоење помеѓу астеризмот познат како „Линијата на ѕидините“, при што ги вклучува кЈарец, ɛЈарец, γЈарец, ιВодолија, λВодолија, σВодолија, φВодолија, 27Риба, 29Риба, 33Риба и 30Риба.[20]

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads