Димитар Пандилов
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Димитар Аврамовски Пандилов (1 март 1899 - 26 јули 1963) — истакнат македонски уметник, претставник на импресионизмот и еден од основачите на ДЛУМ.
Remove ads
Животопис

Роден е во 1899 г. во с. Тресонче. Завршил ликовна академија во Софија, 1924 год. Бил во Франција (Монпелје и Париз), каде што меѓу другото работел и на академијата „Гранд Шомјер“ (1928).
Самостојно излагал (од 1926 год.) во Ќуприја, Скопје, Софија. Излагал на повеќе групни изложби во Софија и во Југославија; меѓу другото на повеќе тематски и претставителни изложби на македонската уметност.
Пандилов е претставник на жанрот битово сликарство со неговите дела што го обработуваат народниот живот и битот на македонскиот народ.
Загинал во Скопскиот земјотрес на 26 јули 1963 г.
Remove ads
Најпознати дела
- „Покрај вода“ (1925) [1]
- „Жетварки“ (1926)
- „Акт“ (1928)
- „Вршидба“ (1936)
- „Жетварки“ (1936)
- „Товарен воз“ (1950)
- „Вршидба“ (1951)
- „Жетва“ (1954)
- „Режење на афион“ (1959)
- „Невести на чешма“
Поврзано
- Битово сликарство
- Македонско сликарство
Наводи
Надворешни врски
Родословие
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads