Димче Мешковски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Димче Мешковски
Remove ads

Димче Мешковски (31 октомври 1945 во Скопје20 март 2023 во Лос Анџелес)[1][2] — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец и хуморист.[3]

Remove ads

Животопис

Мешковски е роден е на 31 октомври 1945 година во Скопје.[4] Тој е татко на познатата македонска пливачка, Наташа Мешковска.

Творештво

Матична сцена на Мешковски била Драмски театар - Скопје, во која бил вработен од 1967 па сѐ до неговото пензионирање во 2002 година. Играл во над 100 одиграни улоги, со над 6000 изведби. Остварил улоги во многу театарски претстави („Диво месо“, „Јане Задрогаз", „Вишновата градина", „Болва в' уво", „Сомнително лице", „Солунски патрдии“, „Смртта на Дантон", „Балканот", „Зојкиниот стан", Чернодрински се враќа дома", „Калигула", „Ревизор", „Маратонците го трчаат по чесниот круг", „Хамлет од Долно Гаштани“ и последната „Фани Мани"), телевизиски серии („Македонски народни приказни“), радио-драми и хумористични серии („Хихирику“) и играни филмови („Викенд на мртовци“). Својот глас го позајмувал и при натсинхронизацијата на цртани филмови (Гаргамел во „Штрумпфови“), а познат е и по улогата на Дедо Мраз во новогодишните претстави за деца. Добитник е на повеќе награди, меѓу кои и наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело.[5][6]

Театарски претстави

Remove ads

Филмографија

Повеќе информации Филмографија на глумецот Димче Мешковски, Год. ...
Remove ads

Награди

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads