Дине Дробенов
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Костадин Иванов Дробенов, познат како Дине или Динката — македонски револуционер учесник во македонското револуционерно движење и деец на Македонската револуционерна организација.
Животопис
Дине Дробенов е роден во Трлис, Драмско, денес во егејскиот дел на Македонија. Се приклучил во редовите на ВМОРО и првично бил четник при Гоце Делчев, а потоа кај Атанас Тешовалијата. Потоа формира сопствена чета во Неврокопско. Учествува во Илинденското востание во 1903 година. Во 1905 година е делегат на Серскиот окружен конгрес. На 8 јули 1908 година во Ковачевица го убива поранешниот војвода Петар Милев, кој влегува во конфликт со Јане Сандански.
Во 1909 година Дробенов заедно со Георги Занков и Стефан Чавдаров се обидува да ја обнови организацијата во Серско, но четата им е разбиена помеѓу селата Трлис, Лески и Крчово од 20 жандари и милиционери санданисти, под водство на мудурот на Горно Броди, Владимир Икономов, Таската Серски и Чудомир Кантарџиев. Чавдаров, заедно со тројца четници бега во Драмско, Занков се спасува во Горноџумајско, каде што повторно е разбиен и повреден, а Дробенов заедно со четворица четници е уапсен. По разбивањето на четата избувнува Неврокопска афера, во која се уапсени многу дејци на десницата , меѓу кои Стојан Филипов и Стојан Малчанков, а Георги Радев е принуден да стане нелегален.
Дробенов, Филипов, Млчанков и уште 5 лица се осудени на смрт. Подоцна по протестот на бугарскиот конзул во Солун, пресудите на сите, без Дробенов, се заменети со доживотен затвор. Дробенов е обесен од турските власти на Ат пазарот во Сер на 5 февруари 1910 година [1][2]. Во претсмртниот говор истакнал:
- Јас го напуштив семејството и го прифатив скитничкиот живот не за да се борам против државата, туку за да го спасам животот од Сандански... неколкупати се обиде да ме убие. Јас умирам невин и целосно смирен. Ако во таа држава имаше правда, требаше наместо мене да виси на бесилката Сандански, кој убил досега илјадници невини луѓе, но во Турција нема правда и затоа државата е осудена на умирање. [3]
Remove ads
Извори
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads