Лески (Серско)

село во Серско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Лески (Серско)map
Remove ads

Лески или Карлиќој (грчки: Χιονοχώρι, Хјонохори; до 1928 г. Καρλή Κιόι, Карли Ќој[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 17 жители (2021).

Кратки факти Лески Χιονοχώρι, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во јужните падини на планината Шарлија, на 10 км североисточно од градот Сер и југоисточно од Серскиот манастир, на надморска височина од 515 м.[3]

Историја

Среден век

На околу 1 км југозападно од селото, над патот за Дервешани се наоѓа раносредновековната тврдина Кула.[4]

Во Отоманското Царство

Според Јордан Иванов, селото се наоѓало на североисток од денешната положба, на месноста Веселе.[5]

Старото име на селото било Кераница (Κεράνιτσα, Κεράνιτζα). Во почетокот на XIX век во Лески се населиле Власи од Авдела, бегајќи од зулумите на Али-паша Јанински.[6]

Во XIX век Лески било мешано македонско-влашко село во Серската каза на Серскиот Санџак. Населението се занимавало со земјоделство и кираџиство[5], а посебно развиено било сточарството.[3] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Карле Кьой (Karlé-Keui) имало 58 домаќинства и 208 жители Македонци.[7][8]

Според Стефан Верковиќ во 1889 г. во селото имало 68 македонски домаќинства.[7][9]

Во 1891 г. Спас Прокопов забележал дека селото било „целосно суво“, додека под него, во областа Карлица имало вода, која се користела за перење на алишта. Во селото Лески неколку години предавал Никола Божиев од с. Крлуково.[10] Истата 1891 година, Георги Стрезов за селото напишал:

Карлиќој, на североисток од градот, до еден врв на Боздаг, кој го одделува од манастирот „Св. Иван“. Жителите одгледуваат само лозја, кои овде ги има изобилно и дава задоволително вино; воопшто нема обработливо земјиште. Околу селото се наоѓаат длабоки јами, во кои зиме се собира снег. Има 45 македонски куќи и неколку влашки; власите се овчари. Има и црква.[11]

На почетокот на XX век целото население на Лески било под врховенството на Цариградската патријаршија, но постепено прешло под врховенството на Бугарската егзархија. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Карли Ќој имало 600 жители, од кои 480 Македонци и 120 Власи.[7][12] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Карли-Ќеј имало 768 Македонци под врховенство на патријаршијата.[7][13]

Според податоци од 1913 година, во селото имало 100 македонски куќи, од кои само три патријаршистички. Тие биле сместени во маалата Кукул и Варош. Исто така имало 30 влашки, кои се наоѓале во Краенското маало.[5]

Во Првата балканска војна, 1 лице од селото се вклучило во Македонско-одринските доброволни чети.[14]

Во Грција

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 664 жители. Во летото на 1913 година, делумно се иселиле македонските семејства во Бугарија. Под притисок од грчките власти, по настаните во селата Трлис и Караќој на 26 јули 1924 година и убиството на стражари по патот кај селото, почнале да вршат терор врз населението на областа, поради што се иселиле поголем број македонски семејства.[3] Македонците од селото се преселиле во градовите Свети Врач, Неврокоп, Пловдив и Пазарџик.[5] За време на Првата светска војна во 1916 г. се иселиле уште 20 семејства во Бугарија и 80 во соседното Дервешани.[6]

Во 1927 година, името на селото било променето во Хјонохори (Χιονοχώρι), во превод „снежно село“.[2]

Поради стратешки и други цели, во 1960-тите години жителите од селото биле принудно иселени во соседното село Дервешани, кое станало во 1970 г. и седиште на општината.[3] Во пописот од 1971 г. Лески е забележано како напуштена населба. Меѓутоа, на дел од жителите кои претежно се занимавале со сточарство им било дозволено да се вратат во селото кое како делумно обновено, во 1981 г. е регистрирано со 57, во 1991 г. со 82 жители[3], а во 2001 г. со 63 жители, но веќе во 2011 г. немало постојани жители.

Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта

  • Кула — крепост од раносредновековно време

Цркви

Личности

Родени во Лески

Литература

  • Οικονόμου, Φωτεινή, "Βλάχικη γυναικεία φορεσιά από το Χιονοχώρι Σερρών", Μακεδονικά 1973, Θεσσαλονίκη.

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads