Динчо Вретенаров
бугарски револуционер From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Динчо Вретенаров, со псевдоним Кескинов, — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење и деец на Внатрешната македонска револуционерна организација, тој еден од физичките убијци на Тодор Александров.
Remove ads
Животопис
Динчо Вретенаров е роден во с. Спатово, Серско. По 1919 година учествува во основањето на ВМРО во Петричко. На 27 август 1921 година заедно со Штерију Влахов го убиваат петричкиот окружен управник Борис Козлев, по што стануваат нелегални. Станува околиски војвода во Мелничко. На крајот на август 1924 година Штерју Влахов и Динчо Вретенаров го извршуваат убиството на Тодор Александров во Пирин. Основната претпоствка е дека двајцата ја извршиле наредбата на Алеко Василев и Георги Атанасов, а според други убиството е спонтан израз на стравувањата на Штеријо Влахов да се елиминираат без пресуда [1].
По убиството, Штерју Влахов и Динчо Вретенаров се кријат во колиба во Препечен сè до почетокот на Горноџумајските настани. Во тоа време четата на Влахов, на чело со секретарот Атанас Џолев се наоѓа во Горна Џумаја. На 15 сепетмври, Влахов и Вретенаров биле опколени од четата на Милан Постоларски, дошло до вооружена претрелка по што куќата во кој се криеле била запалена, за да не паднат живи се самоубиле, Штерју се самоубил со истрел во устата, а Вретенаров се разнел со бомба. Нивните тела не биле закопани туку фрлени во реката Струма [2].
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads