Долнени

село во Општина Долнени From Wikipedia, the free encyclopedia

Долнениmap
Remove ads

Долнени — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп. Селото е седиште на истоимената општина.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Долнени се наоѓа во Прилепското Поле, во јужниот дел од територијата на истоимената општина, недалеку од патот Прилеп-Македонски Брод. Селото е рамничарско и се протега на надморска височина од 622 м. Неговиот атар зафаќа површина од 14,2 км2. Од Прилеп е оддалечено 15 км.[2]

Историја

Се претпоставува дека во близина на селото во минатото постоеле други населби во месностите: Пречна, Слатина и Могила. Денешното село се смета дека е основано по пропаста на тие населби. Најстар познат род од селото се Јанкуловци. Во отоманско време, селото најпрвин било рајатско, а потоа насилно биле формирани чифлизи.[3]

Во XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство. Во 1912 година, во селото биле затекнати шест турски чифлизи во сопственост на: Мустафа-ефендија, Усеин-ефенди, Асан-ага, Гусак, Мемет Алија и Абдула; како и еден христијански на Аџи-Поповски.[3] Во Првата балканска војна, 7 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.[4]

Remove ads

Стопанство

Селото има полјоделска функција. Во рамки на селскиот атар, обработливото земјиште праовладува на површина од 1.198,4 ха, пасиштата зафаќаат површина од 174,2 ха, а на шуми отпаѓаат 2,8 ха.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Долнени било село со 72 домаќинства и 350 жители Македонци.[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долнени имало 650 жители Македонци христијани.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година Долнени било село со 480 жители Македонци.[7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Долњани се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 60 куќи.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 700 Македонци.[9]

Долнени било најголемо село, но со намалување на бројот на населението. Така, во 1961 година броело 858 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 424 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Долнени живеат 375 жители, од кои 374 Македонци и 1 останат.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 300 жители, од кои 287 Македонци, 1 Албанец, 1 останат и 11 лица без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови

Долнени е македонско село.

Родови во селото се:

  • Староседелци или доселени со непознато потекло: Јанкуловци (10 к.) најстар род во селото, изгледа се староседелци; Јандровци (5 к.) стар род, изгледа доселени се однекаде; Грневци (3 к.) стар род како и Јандровци;
  • Доселеници: Огњановци (8 к.) доселени се од селото Којчево во Мариово (?), основачот на родот се викал Огњан, го знаат следното родословие: Огњан (жив на 72 г. во 1950-тите) Ѓоре-Анѓеле-Мојсо-Ѓоргија-Огњан, основачот на родот кој се доселил; Војводовци (9 к.) гранка се од родот Огњановци; Пиралковци (4 к.) потекнуваат од домазет, доселен однекаде, кој влегол во делумно иселениот и изумрен род Ѓоревци; Шултиковци (10 к.) доселени се однекаде; Диовци (17 к.) доселени се од селото Дихово во Битолско; Орешани (28 к.), се делат на Богоевци, Филиповци, Сугаревци, Прдешковци и Бакалевци. Доселени се во средината на XIX век од селото Ореше во Велешко; Шилевци (8 к.) доселени се од селото Шилево кај Ѓавато; Митревци (10 к.) гранка се од родот Шилевци; Ајтовци (12 к.) доселени се од селото Ѓавато; Егејци или Ранчановци (1 к.) доселени се во 1947 од околината на Лерин (Егејска Македонија).[16]
Remove ads

Општествени установи

Во селото работи основното училиште „Пецо Даскалот“, каде што се изведува настава до деветто одделение.[17] Освен тоа, во селото има амбуланта, пошта, дом на културата, земјоделска задруга, ветеринарна станица, продавница и угостителски објекти.[2]

Самоуправа и политика

Селото е седиште на истоимената општина од 1952 година.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1489 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[18]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 275 гласачи.[19]

Култура

Селото е опеано во народната песна „Отидов в село Долнени“ во изведба на оркестарот на Стевче Стојковски. Песната е во продолжение:

Отидов в село Долнени, де,
там најдов сено косено, де,
там најдов сено косено, де,
и на сено велам, говорам, де.

На сено велам, говорам, де,
вени се сено косено, де,
вени се сено косено, де,
како што се вене млад јунак, де.

Како што се вене млад јунак, де,
за девојче селанче, де,
за девојче селанче, де,
со везено коланче, де.

Море, што ќе биде селанче, де,
нека биде граѓанче, де,
нека биде граѓанче, де,
со шарено фустанче, де.[20]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Црквата „Вознесение Христово“

Секоја година во селото Долнени во месноста Рудина се одржува фестивалот на народни иструменти, ора и игри, посветен на светски познатиот гајдаџија Пеце Атанасовски кој бил од ова село.

Археолошки наоѓалишта[21][22]
Споменици
  • Споменик на Пеце Атанасовски
Цркви[23]
Remove ads

Личности

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads