Долно Дреново

From Wikipedia, the free encyclopedia

Долно Дреновоmap
Remove ads

Долно Дреновосело во Грменско, Пиринска Македонија, денес во општината Грмен на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Кратки факти Долно Дреново Долно Дряново, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото Долно Дреново се наоѓа на 17 километри источно од Неврокоп и на 15 километри северно од општинскиот центар Грмен, во историско-географската област Чеч. Селото е полупланинско кое се наоѓа од двете страни на патот Гоце Делчев - Сатовча - Доспат, на надморска висина од 702 метри. Атарот на селото зафаќа површина од 13.497 км2.

Историја

Антички период

Во близина на селото била пронајдена населба која опстојувала уште од 5000 година п.н.е. и тракиско светилиште во месноста Градиште од периодот VI-II век пред нашата ера.[1]

Османлиско Царство

Селото било основано пред 350-400 години од спојување на три мали населби кои се наоѓале на еден до три километри од денешната местоположба на селото.

Во списокот на населби и број на немуслимански домаќинства во вилаетот Неврокоп од 16 ноември 1636 година, Долно Дреново دـيــرنــوﻩﺀ بــزرﻙ[2]) е село, во кое живеле 28 немуслимански семејства.[3]

Во текот на XIX век, селото било муслиманско и припаѓало кон Мелничката каза. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Долно Дреново (Dolné-drianovo) е село со 60 домаќинства и 150 жители Помаци.[4] Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Долно Дреново, 12 час на ЈУИ од Горно Дреново. Планинско место; има дрводелци. 40 куќи Помаци.[5]


Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 337 жители Помаци.[6] со 70 куќи.[7] Според Стефан Верковиќ кон крајот на XIX век Долно Дреново имало муслиманско машко население од 196 души, и 60 куќи.[8]

Бугарија

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. По крајот на Балканските војни, од 480 жители во 1910 година, во 1920 година во селото останале само 298.[9]

Remove ads

Население[10][11]

Повеќе информации Година, Жители ...
Повеќе информации Националност, Население ...
Население по возраст
од 2011 година
:[13]

Религија

Thumb
Училиштето, старата и новата џамија

.

Населението на Долно Дреново е муслиманско. Во селото има две џамии — едната е повеќе од 500 години стара и била обновена во 2008 година, а другата била изградена во 1998 година и е една од најголемите џамии во Чеч и регионот воопшто.[1]

Културни знаменитости

Античко светилиште било откриено на територијата на селото, условно датирано од V-IV век п.н.е. Светилиштето се наоѓа на околу 2 км источно од селото десно од патот до Сатовча. На територијата на светилиштето се наоѓаат три огромни карпести човечки глави, како и голем број камени скулптури на водоземци - риби, змии, желки и многу повеќе. Сите тие се добро ориентирани по една од страните на светот, исток-запад или север-југ.

Remove ads

Редовни настани

Секоја година во средината на месец април во селото се празнува денот на општината. Во селото се наоѓа седиштето на здружението „Неврокоп“ со претседател Рахим Арнаудов.[14]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads