Сатовча
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сатовча — село во Неврокопско, Пиринска Македонија, и административен центар на општината Сатовча на Благоевградската област, југозападна Бугарија.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото Сатовча се наоѓа на 27 километри североисточно од Хаџидимово и на 30 километри источно од Неврокоп. Селото е планинско кое се наоѓа во подножјето на западните делови на Родопите на надморска висина од 1029 метри, во историско-географската област Чеч. Атарот на селото зафаќа површина од 55.373 км2.
Историја
Рана и средновековна историја
Голем број на антички некрополи и остатоци од античка и средновековна населба биле пронајдени околу селото и истите денес се прогласени за споменици на културата. Некропола од доцниот среден век е истражена во областа на Жидово. Пронајдени се материјали од римската ера и раниот среден век.
Во летото 1977 година, во близина на селото била пронајдена ризница од сребрени западноевропски и турски монети. Повеќето од монетите се ковани, што укажува дека тие биле наменети за накит. На монетите е пронајден и бакарен ѓердан[1].
Според легендата, Сатовча постоела пред падот на Македонија под османлиска власт под името Сватовица или Сатовица. Во околните области Крът, Жидово, Трапи, Мисалково, Скрибина, Радеви ливади и Грамада имало мали населени места. Мештаните се населиле во денешното село за поголема безбедност.
Името на селото веројатно потекнува од зборот суд (пчелна пита со мед) или од личното име Сато.
Османлиско Царство
Селото се споменува во османлиски извори уште од втората половина на XV век. во список на селата и бројот на немуслимански семејства во вилаетот Неврокоп од 13 мај 1660 година селото Сатовча (Сатовиче) е село, во кое живееле 60 немуслимански семејства.[2]
Во 1839 година, рускиот монах Партениј (Питер Агеев) поминал низ селото Сатовча, забележувајќи дека неговото име е „Сатовчу“ и неговото население е муслиманско, но зборувало бугарски јазик[3].[4] Во 1844 година била изградена црквата „Света Недела“, која денес е споменик на културата. Во 1873 г. било отворено првото црковно училиште, а во 1893 г. – егзархиско училиште.
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Сатофча (Satofcha) е село со 125 семејства и 200 Помаци и 180 Македонци[5] Во 1889 година Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал дека во селото имало 45 македонски и 80 турски куќи.[3][6]
Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:
Сатовче, на СИ од Неврокоп на 4 ч. Лежи во самиот Доспат. Околност шумска. Жителите се поголемиот дел дрводелци. Во црквата се пее на словенски. 130 куќи, 90 Турци и 500 Македонци.[3][7]
На 11 мај 1892 година за првпат во селото бил празнуван денот на Св. Кирил и Методиј. Во 1895 година бил основан комитет на ВМОРО.[8]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото живееле 650 Македонци и 832 македонски муслимани[9] во 200 помачки и 120 христијански куќи.[10] Според податоците на пописот за годините 1926, 1934, 1946 и 1956 година, населението во Сатовча било соодветно 1502, 1417, 1613 и 1787 души.[11]
Бугарија
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
Remove ads
Население
![]() |
Религија
Мнозинството од населението на Сатовча (2/3) го практикува исламот. Во селото има џамија. Православните христијани сочинуваат 1/3 од населението во селото, а има и една православна црква, Света недела. Во последниве години, ромското население постепено паѓа под влијание на Евангелската протестантска црква. Во 2009 година, била изградена евангелска црква во циганската населба.
Општествени установи
- СУ „Св. Кирил и Методиј“
- Државно шумско стопанство „Дикчан“
- Полициска служба
Редовни настани
Празник на селото – 6 мај.
Личности
- Родени во Сатовча
- Георги Шомов (1880 - 1923), деец на БЗНС.
- Иван Попов – автор на книгата „Сатовчанските камбани“.
- Илија Терзиев – учител по музика
- Мехмед Бехчет Перим (1896-1965) - новинар и писател.
- Петар Тодоров Селачки – учител, поет, писател и општественик
- Лазар Божинов – македонски активист, убиен од четниците на Тодор Александров[14]
- Иван Мавродиев – македонски активист, убиен од четниците на Тодор Александров[14]
- Георги Мутафчиев – македонски активист, убиен од четниците на Тодор Александров[14]
- Георги Томов – македонски активист, убиен од четниците на Тодор Александров[14]
Remove ads
Литература
- Попов, Иван. Сатовчанските камбани. София: Св. Климент Охридски. ISBN 954-0712-55-6. Второ допълнено издание. Янита ЯС, Казанлък, 2010. ISBN 978-954-343-069-7.
- Народни песни от Долен и Сатовча. Сборник. Съставител и редактор Лъчезар Селяшки. Илия Терзиев предговор. Благоевград. ISBN 954-8653-14-1.
- Stiftung FVS. Verleihung des Europa-Preises für Volkskunst 1988 an die Musikkapelle und Volkstanzgruppe Algund (Südtirol) und die Frauen-Gesangsgruppe Satovcha (Bulgarien) (германски). Hamburg.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads