Долно Караџово

село во Нигритско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Долно Караџовоmap
Remove ads

Долно Караџово или Мало Караџово (грчки: Βαρικό, Варико; до 1927 г. Καρατζά Κιόι, Караѕа Ќој[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Долна Џумаја на Серскиот округ, Грција. Речиси сите жители се Македонци.

Кратки факти Долно Караџово Στρυμώνικό, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓа на 20 км западно од Сер и на 17 км северно од Нигрита. Лежи во североисточнот подножје на Богданска Планина.

Историја

Во Отоманското Царство

Во XIX век Долно Караџово било македонско село во Серската каза на Серскиот санџак.

Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. во Мала Караџа (Malko-Karaja) имало 42 домаќинства со 130 жители Македонци.[3][4]

Во 1891 г. Георги Стрезов вели дека селото е дел од областа Овакол и напишал за него:

Долно Караџа-ќој, чифлик 12 час на СЗ от Кумаргија, до десниот брег на Струма. Караџа-ќој му припаѓа на Арпаџијата и Рифат-ефенди. Од другата страна на Струма, од спротива е Горно Караџа-ќој. 35 куќи, Македонци.[5] Грчка црква.[6]

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) на почетокот на XX век Долно Караџово имало 240 жители Македонци.[3][7]

Сите христијани на Долно Караџово биле под врховенството на Цариградската патријаршија и во него работела грчката пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Долно Караџово (Dolno Karadjovo) живееле 480 Македонци патријаршисти.[3] Во селото имало грчко основно училиште со 1 учител и 14 ученици.[8]

Во Грција

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1920-тите во селото се доведени мал број грчки колонисти од Турција. Според пописот од 1928 г. селото било етнички мешано, со само 4 лица (1 семејство) дојденци.[9] Во 1927 г. е преименувано во Варико.[10]

Околу 1960 г. е изградена црквата „Св. Троица“.[11]

Remove ads

Личности

  • Стојо Белдонев — револуционер, деец на ВМОРО, загинал пред 1918 г., роден во Горно или Долно Караџово[12]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads