Комарјани

село во Серско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Комарјаниmap
Remove ads

Комарјани или Комарјан (познато и како Кумарјани, Кумаре или Комарен; грчки: Κουμαριά, Кумарија; до 1927 г. Κουμάργιαννη, Кумарјани[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 274 жител (2021).

Кратки факти Комарјани Κουμαριά, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во Серското Поле, југозападно од Сер, на левиот брег на Струма, на надморска височина од 10 м.[3]

Историја

Во Отоманското Царство

Во XIX век Комарјани било село во Серската каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Комарен (Komaren) имало 30 домаќинства и 102 жители Македонци.[4]

Во 1891 година Георги Стрезов за селото напишал:

Кумаргија, на северозапад од Агова Маала, на растојание од помалку од еден час. На десниот брег на Струма, на истата страна како споменатото село. На исток од селото се наоѓа густа шума на растојание од 1 час. Патот е ист; рамен, но каллив. 60 јуручки куќи.[5]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Кумаре имало 360 жители Турци.[6]

Во Грција

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од бугарска војска, а по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година селото броело 518 жители, кои поради војните во 1920 г. се намалиле дури на 168 лица.[3]

Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор муслиманското население е иселено во Турција. На нивно место се населиле 104 бегалски семејства (вкупно 509 бегалци) од Источна Тракија, така што селото станало чиста бегалска населба.[3] Во 1927 година, името на селото било променето во Кумарија (Κουμαριά).[2]

Remove ads

Стопанство

Селото е богато, бидејќи располага со мошне плодно земјиште кое исцело се наводнува, а поради климатските услови земјата дава по две до три високоприносни реколти. Населението произведува жито, фуражни и други земјоделски производи. Внимание му се посветува и на краварството.[3]

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

Во 1926 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 9,1 квадратни километри.[3] Општината Комарјани била приклучена во општината Киспикеси во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Сер.

Селото припаѓа на општинската единица Киспикеси со седиште во истоименото селото, која припаѓа на поголемата општина Сер, во истоимениот округ. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Комарјани, во кој е единствено село.

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Цркви

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads