Долно Тодорак

From Wikipedia, the free encyclopedia

Долно Тодоракmap
Remove ads

Долно Тодорак или Долно Тодораќ (грчки: Κάτω Θεοδωράκι, Като Теодораки)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.

Кратки факти Долно Тодорак Γαλλικός, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа на 20 километри североисточно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро на планината Круша. Селото се наоѓа на надморска височина од 531 метри.

Долно Тодорак опфаќа површина од 25 квадратни километри[3].

Историја

Селото Долно Тодорак во минатото било едно од најголемите македонски села во Кукушката околина.

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Долно Тодорак се состоело од 142 семејства и 695 жители Македонци[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Долно Тодорак имало 1080 жители Македонци[4][6].

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 1240 Македонци православни и 80 Македонци протестани. Освен тоа, во селото работеле егзархиско и протестантско училиште[4][7].

Во текот на Втората балканска војна, селото било опожарено од страна на грчките војски а самото македонско население било принудено да побегне од своите домови. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Струмица и околните села[3]. Поради тоа, на пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 406 жители. Голем дел од македонското население заминало од селото кон Македонија или Бугарија[3].

По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. Во 1924 година, протестанстското население било принудено да го напушти селото. Според податоците, нивниот број изнесувал 460 жители, кои заминале во Бугарија. Голем дел од населението се населило во селото Куклен, Бугарија, на местото каде претходно се иселило грчкото население. Во 1933 година, за унијатски свештеник бил назначен Јероним Стамов.

Во 1926 година, селото било преименувано во Като Теодораки.[8]

Remove ads

Демографија

Во 1928 година селото било чисто бегалско со 358 жители бегалци.[9], додека во 1940 година селото броело 613 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 339 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 381 жител, во 1971 година имало 303 жители, во 1981 година имало 228 жители, додека во 1991 година имало 285 жители[10]. Денеска, населението на селото е 146 жители според пописот од 2001 година.

Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Знаменитости

Во 1805 година, во селото била изградена црквата „Св. Троица“.

Личности

Родени во Долно Тодорак
  • Антон Ангелов[11]
  • Вано Христов (1875 - ?)[12]
  • Георги Динишев (1899 - 1968)
  • Гоце Петров (1886 - ?)[13]
  • Гоце Христов (1885 - ?)[14]
  • Гоце Тодорачки (? - 1900)[15]
  • Дељо Георгиев (1882 - ?)[16]
  • Дељо Иљов (1881 - ?)[17]
  • Дељо Шарланџиев (1879 - ?)[18]
  • Иван Гошев (1871 - ?)[19]
  • Илија Г. Делков[20]
  • Илија Гогов (1886 - ?)[21]
  • Јордан Петрушев (1890 - ?)[22]
  • Кољо Карамитов (1878 - ?)[23]
  • Костас Лахас (р.1936)
  • Манол Наков (? - 1868)
  • Нако Христов (1884 - ?)[24]
  • Никола Македонски (1879 - ?)[25]
  • Стојко Митров (1889 - ?)[26]
  • Стојан Иванов[27]
  • Тано Тодорашки (1889 - ?)[28]
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads