Дорломбос

село во Општина Струмица From Wikipedia, the free encyclopedia

Дорломбос
Remove ads

Дорломбос — село во Општина Струмица, во околината на градот Струмица.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Дорломбос се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 20 километри.

Селото граничи со Куклиш, Орманли, Мемешли, Прстен, Булунтули, Бајрамбос, Свидовица

Надморската височина во селото е 600 метри а површината на селото изнесува 1156 ха.

Историја

Според податоците на бугарските етнографи од XIX век, селото било чисто турско. Селото било дел од Дојранската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. селото имало 120 домаќинства со 250 Турци.[2]

На 13 август 1951 година на планината Беласица, близу селото Дорломбос биле убиени петте струмички студенти: Ѓорѓи Јармов, Мирко Пецев, Борис Белев, Стево Топчев и Ѓорги Костуранов, од страна на УДБА поради прогресивните идеи за независна Македонија, а под образложение дека сакале илегално да пребегаат во Грција.

Remove ads

Стопанство

Претежно занимање на населението е земјоделство и сточарство. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 120 ха[3].

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Дорломбос живееле 550 жители, сите Турци.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 400 Турци.[5]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 117 жители, сите Турци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 52 жители, од кои 1 Албанец, 49 Турци, 1 останат и 1 лице без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Remove ads

Општествени установи

  • Подрачно Основно училиште Даме Груев

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1834 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 59 гласачи.[13]

На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 63 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости

  • Џамија „Хамид Хусеин“

Редовни настани

Личности

Култура и спорт

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads