Куклиш

село во Општина Струмица From Wikipedia, the free encyclopedia

Куклишmap
Remove ads

Куклиш — село во Општина Струмица, во областа Подгорје, во околината на градот Струмица. До 2004 година било седиште на своја Општина Куклиш.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Куклиш се наоѓа во Струмичко Поле, во југоисточниот дел на Република Македонија. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 4 километри.

Надморската височина во селото е 250 метри а површината на селото изнесува 2198 ха.

Селото граничи со Градско Балдовци, Свидовица, Три Води, Дорломбос, Орманли, Сачево, Струмица.

Историја

Thumb
Домот на културата
Thumb
Спомен Костурница
Thumb
Спортска сала Тодор Александров
Thumb
Црква „Св. Атанасиј“
Thumb
Црква “Св. Петнаесет тивериополски маченици“

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Куклиш се состоело од 100 семејства со 306 жители Македонци[2][3] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Куклиш имало 700 жители Македонци.[2][4]

Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 904 Македонци и функционирало егзархиско училиште.[2][5]

Во селото имало комитет на ВМОРО, кој бил основан од страна на Христо Чернопеев и Михаил Думбалаков.[6]

Палење на селото

Во 1904 година селото било запалено од страна на турската војска. Според преданијата, во овој напад загинале 38 селани, меѓу кои жена и дете а имало и силување од страна на аскерот. Според други извори, од вкупно 105 куќи во Куклиш, 64 изгореле целосно до темел.

На 3 февруари 1904 година Крсто Георгиев - Новоселски со својата мала чета слегол во селото. Тој во селото бил предаден па по него се упатил башибозукот од Струмица. Битката започнала уште во раните утрински часови и траела цел цен, сè до полноќ. Турците на неколкупати се обидувале да се доближат и да ја запалат куќата каде биле четниците, но секогаш биле одбивани со големи загуби. Околу полноќ опсадените, со силен налет, и фрлајќи бомби, си пробиле пат и се извлекле кон Беласица. Четниците поминале без ниедна жртва, а од Турците загинале 18 души, меѓу кои и еден офицер. Во овој број се нашол „пеливанот” Сефедин чауш, од блиското село Габрово. Турците гневни поради неуспехот да се зароби или убие војводата Крсто Георгиев - Новоселски, турскиот аскер веднаш почнал со палењето и крвавото плачкосување на целото село.

Remove ads

Стопанство

Претежно занимање на населението е земјоделство. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 600 ха.[7]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 1.050 Македонци.[8]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.532 жители.[9] и претставува најголемо село во Општина Струмица, како и едно од најголемите села во Струмичко Поле.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2.172 жители, од кои 2.074 Македонци, 2 Албанци, 3 останати и 93 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постојат избирачките места бр. 1827, 1828 и 1829 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 2.202 гласачи.[16]

На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 2.207 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости

  • Црква Св.Атанасиј
  • Манастир Св. 15 Тивериоплоски Маченици. Манастирот "Св.15 Тивериополски Маченици", е именуван на Светците коишто се од Солун, и за време на својата мисија за ширење на христијанството биле заробени и убиени во Куклиш на местото каде што денес се наоѓа манастирот. Коските на неколку од светците се наоѓат и денес во манастирот во Куклиш, а поголемиот број од нив се наоѓат во манастирот "Св. 15 Тивериополски Маченици" којшто се наоѓа во Струмица. Таков манастир посветен на "Тивериополски Маченици" има уште и во Солун од каде што се тргнале. Името Тивериополски го добиле по старото име на Струмица која тогаш се викала Тивериопол.
  • Спомен костурница на паднати борци од НОБ
Remove ads

Личности

Борче Начев - глумец

Култура и спорт

  • ФК Кукла
  • KУД Браќа Минкови

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads