Драгомирово
историско село во Струмичко, на територијата на денешна Општина Босилово From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Драгомирово — историско село во Струмичко, денес на територијата на Општина Босилово, недалеку од Струмица.
Remove ads
Географија
Селото се наоѓало во Струмичкото Поле на патот Струмица - Берово, меѓу селата Дабиље и Петралинци.[2] Низ местото поминува реката Турија, околу 1,5 км од нејзината растока со р. Азмак.
Пподрачјето на некогашното село денес е во атарот на с. Босилово.
Историја
Во XIX век Драгомирово било мало село во Струмичката каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Драгомирово (Dragomirovo) се води како село со 20 домаќинства и население од 71 Македонец.[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 195 жители Македонци христијани.[3][5]
На почетокот на XX век жителите на селото потпаднале под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Драгомирово (Dragomirovo) имало 160 Македонци и 12 Роми.[3] Имало училиште со 1 учител и 12 ученици.[6]
Remove ads
Личности
- Родени во Драгомирово
- Васил Драгомиров (1881-1969) — револуционер
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads