Дреново (Преспа)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Дреново (Преспа)
Remove ads

Дреново (грчки: Κρανιές, Краниес, до 1926 Δρένοβο, Дреново[1]) — раселено село во Егејска Македонија, Република Грција, во општината Преспа, во областа Западна Македонија. Со пописот од 1961 година селото е избришано од официјалната евиденција.[2]

Кратки факти Дреново Κρανιές, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Дреново е сместено на југоисточниот брег на Малото Преспанско Езеро, во непосредна близина на селото Л’нки. Селото се наоѓа на надморска висина од 880 м. На источната страна на селото се наоѓа планината Голина (дел од планината Врба).

Топонимија

Ова се позначајните топоними во атарот на Дреново:[3]

Веља, Водици, Врба, Гамила, Главките, Голина, Гонецо, Горбец, Горна Лачица, Горна Липица, Гривите, Ѓуро Кошара, Докша, Долна Лачица, Долна Липица, Дреново, Дреновско, Изворо, Капеница, Козјак, Кокоша Нива, Лазоите, Љубражда, Мали Ор, Мало Езеро, Орејчината, Осоо, Присоо, Ресата, Рид, Свети Илија, Странгите, Стрежоо, Умарица, Филаќето, Школото.

Remove ads

Историја

Во Отоманското Царство

Во XIX век Дреново било македонско село во Битолската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. селото имало 70 жители, сите Македонци.[4][5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Дреново се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 30 куќи.[6]

Целото село било под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Дреново живееле 104 Македонци.[4][7]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. Дреново било пропоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 124 жители.[2]

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека пред Балканските војни Дреново се состоело од 15 македонски христијански куќи.[8]

Селото целосно настрадало во Грчката граѓанска војна при што 28 семејства со 152 души пребегнале во Република Македонија и останатите источноевропски земји, а на преостанатите 27 души не можеле да се вратат во селото бидејќи властите забраниле обнова на селото, па се населиле во соседното село Л’нки.[2]

Remove ads

Население

Меѓу двете светски војни од селото 8 лица емигрирале во прекуокенските земји, 1 лице во Бугарија и 2 во Албанија. Движењето на населениото по години е следното[2]:

  • 1913 - 124 жители
  • 1920 - 115 жители
  • 1928 - заведени под Л’нки
  • 1940 - 150 жители

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads