Дрокија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Дрокија (романски: Drochia) – град во северниот дел на Молдавија. Тој е административен центар на реонот Дрокија.
Remove ads
Потекло на поимот
Името на градот доаѓа од локалниот вид на птица наречена „дропие (романски: dropie, македонски: голема дропла)“
Географија
Градот се наоѓа на 174 км северно од престолнината Кишињев и 67 км североисточно од романскиот град Јаш. Просечната надморска висина на Дрокија е 226 метри.
Историја
Хроничарите првпат ја споменуваат Дрокија во 1777 година. До 1830 година била мала населба со 25 семејства. Според документ од 1847 година, тогаш била изградена мала постројка за обработка на грозје, првото индустриско претпријатие во градот. Во 1875 година биле изградени две воденици на локалниот поток.
Поинтензивен индустриски развој градот доживеал со доаѓањето на железницата на крајот на 19 век. Според пописот од 1930 година, населбата (тогаш село) била позната како „Дрокија Гара“ (буквално „Станица Дрокија“), и имала население од само 595 жители.
Статус на град Дрокија добила во 1973 година.
Население
Според пописот од 2004 година градот брои 16.606 жители. Националната структура е дадена во следнава табела:[1]:
Етнички состав | |||
Етничка група | попис 1930 | попис 2004 | |
Молдовци (Романци) | 181 | 12.864 | |
Рутенци (Украинци) | 77 | 2.600 | |
Руси | 209 | 986 | |
Евреи | 112 | 13 | |
Бугари | – | 22 | |
Гагаузи | – | 18 | |
Полјаци | 5 | 6 | |
Роми | – | 2 | |
Арменци | 7 | 95 | |
Срби, Хрвати, Словенци | 1 | ||
други | 3 | ||
Total | 595 | 16.606 | |
Распределбата на населението според мајчиниот јазик е следнава:
Мајчин јазик | ||
Јазик | попис 1930 | попис 2004 |
Романски | 198 | N/A |
Руски | 210 | N/A |
Јидиш | 102 | N/A |
Украински | 80 | N/A |
Полски | 4 | N/A |
други | 1 | N/A |
Total | 595 | 16.606 |
Remove ads
Галерија
- Катедралата во Дрокија
- Општинската зграда
- Автобуска станица
- Советот на Реонот Дрокија и споменикот на Стефан III од Молдавија
- Деловна зграда
- Споменик на Михаи Еминеску
Збратимени градови
Дрокија е збратимена со:
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads