Езотерична космологија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Езотерична космологија е космологија која е суштински дел од езотеричниот или окултниот систем на размислување. Речиси секогаш се занимава со овие теми: еманација, инволуција, еволуција, епигенеза, нивоа на постоење или повисоки светови (и нивната еманација и поврзаноста меѓу нив), хиерархија на духовните суштества, космички циклуси (на пример, космичка година, југа), јога или духовни техники за самоподобрување, и мистични и алтернативни состојби на свеста.
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Езотеричната космологија покрива многу од темите со кои се занимаваат религиозната космологија и филозофската космологија, како на пример почетокот, целта и судбината на универзумот, на свесноста и на постоењето. Поради тоа, понекогаш е тешко да се одреди каде завршува религијата или филозофијата, а започнува езотеријата и окултизмот. Сепак, езотеричната космологија се разликува од религијата во својата пософистицирана градба на мислата, која е интелектуално сфаќање, а не верба, а од филозофијата според истакнувањето на техниките за духовна трансформација.
Примери на езотеричната космологија може да се најдат во следните правци: гностицизам, неоплатонизам, тантра, Кабала, суфизам, јога, теозофија, антропозофија, космичката традиција на Макс Теон, учењето на Шри Ауробиндо, Мехер Баба, Четвртиот пат на Гурдјеф и Успенски, во неопаганството и многу други њу ејџ учења.
Remove ads
Поврзано
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads