Транс
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Транс — различни видови на процеси и техники, состојби на умот, свесност. Транс состојбата може да се однесува на медитација, магија или молитва.
За други значења на поимот, погл. Транс (појаснување).
Доаѓа од латинското „transīre“, со значење „да се помине“, „да се премине“, но има и други значења, како „влез“, „престап“, или „премин“.
Терминот „транс“ сè повеќе се користи како термин за објаснување на различни нивоа на свеста, и за она што е познато како изменета состојба на свеста. Со ваква употреба овој термин се користи од 1970-тите години.
Remove ads
Дефиниција
Виер (Wier), во неговата книга од 1995 година: „Транс: од магија до технологија“ трансот го дефинира како „последица на когнитивен јазол кој секогаш како последица има различни збир на онеспособени спознајни функции“.[1] Со оваа едноставна дефиниција Виер ги дефинира медитацијата, хипнозата и зависноста како сложени форми од едноставна дефиниција.
Во книгата „Патот на трансот“ од 2007 година, Виер ја додава и екстазата како дополнителна форма.
Постојат многумина кои многу бурно реагираат на користењето на терминот „транс“ како состојба на свеста, и тврдат дека тој термин има долга историја на негативни асоцијации.
Remove ads
Други дефиниции
- Омагијаност: психолошка состојба предизвикана од магиско дејство
- Состојба на умот кога свеста и волјата се ослабени или ги нема
- Состојба која наликува на длабок сон
- Заробеност (занесеност): привлечност предизвикана од вљубеност
- Состојба на очигледно спиење или несвесност проследено со физиолошки одлики
- Искуство на „излегување од телото“, кое може да биде негативно, несвесно, или позитивно, свесно
- Состојба на зголемена сугестибилност
- Предизвикана или спонтана состојба на спиење како изменета состојба на свеста
- Изменета состојба на свеста преку хипноза, кога несвесното реагира на сугестиите примени од хипнотизерот
- Состојба на екстремно одвојување на свеста, односно честа појава на несвесното.
Состојбите на транс ги вклучуваат сите различни состојби на умот, емоциите и однесувањето. Според тоа, трансот може да се сфати како функционаност и ефикасност во употребувањето на свеста. Трансот како состојба исто така може да биде предизвикан на различни начини заради постигнување релаксација, лечење, интуиција и инспирација. Постои документирана историја за трансот од страна на антрополозите и етнолозите, како и од другите слични дисциплини, а корисноста од трансот го истражува медицината.
Трансот исто така има своја функција во религијата и мистиката.
Remove ads
Потекло и историја
Лекувачко спиење
Во Стара Грција се одело на поклонение во храмот на Епидаур заради лекувачко спиење.[2] Оној што барал оздравување, бил примен од свештеникот кој му посакувал добредојде и го благословувал. Овој храм бил изграден во чест на грчкиот бог на медицината.
Усмени преданија
Приказните за светците во среден век, митовите, параболите, бајките и усмените преданија на различни култури се потенцијални воведи во трансот. Многу често содржат реторички повторување кои се присутни во многу форми на транс. Милтон Ериксон (Milton Erickson) ги користи приказните за да предизвика транс состојба, како и практикантите на психотерапијата НЛП (невро-лингвистичко програмирање).
Војска
Некаде од 16 век е откриено дека маршот како музика ги наведува војниците да маршираат заедно поврзани како во состојба на транс, како роботи. Воените инструменти, посебно тапанот, се користени да го интонираат монотониот ритам на чекорењето во склад со отчукувањата на срцето. Се сметало дека ова е поттик за моралот и солидарноста меѓу војниците додека маршираат во борба.
Мистицизам
Многумина од христијанските мистици имале искуство кое е налик на трансот. Како мистично искуство, трансот бара директна поврзаност со некое божество или со самиот Господ. Трансот се користи во: јога, суфизам, шаманизам, спиритуализмот, Методистичката црква, Адвентистичката црква, Англо-Американските протестанти, потоа го користел Месмер, познатиот но непризнат промотер на трансот како лек, Милтон Ериксон основачот на хипнотерапијата, и други.
Меѓу одликите на религиозниот транс се набројуваат неконтролирани движења на телото, омртвување, каталепсија, грчење, спонтано плачење, врескање или зборување, појава на визии, јасновидост, и други видови на состојби на изменета свест.[3]
Денешна употреба на трансот
Заради лекување, денес трансот во различни форми се користи од страна на хипнотерапевти, психијатри, психотерапевти, спортски психолози и НЛП практичари.
Евро-лингвистичкото програмирање (НЛП) се заснова врз хипнотерапијата на Милтон Ериксон. Ериксон го поставувал пациентот во состојба на транс преку раскази. Додека егото на пациентот го занимавал со приказната, тој испраќал лекувачки пораки директно до неговиот несвесен ум, за кој верувал дека поседува моќ за самолечење. На ваков начин тој себеси се излечил од парализа која го погодила додека бил млад, но на која подоцна во животот сепак ѝ подлегнал.
Remove ads
Влегување во состојба на транс
Постојат разни техники кои свесно применети можат да доведат до состојба на транс, како на пример молитва, религиозни ритуали, медитација, пранајама (вежби на дишење), физички вежби, секс, музика, танцување, препотување, постење, жед, како и употреба на психотропски билки (дроги) како што е марихуаната. Понекогаш трансот се случува од сосема непознати причини, или пак поради контакт со нешто што екстремно восхитува (поради убавина или поради божественост). Исто така до состојба на транс можат да доведат и следниве методи:
- Слушање на црковно пеење, приказна, мантра, еднолично пеење, тапани и друго.
- Движења како танц, мудри, ритуали, јога, намалување на кислородот, вежби со дишење, сексуален стимул.
- Визуелна дразба како кино, театар, уметност, архитектура, убавина, силна светлина.
- Миризби како парфем, феромони, инсенс, цвеќиња, полен и било која миризба за која имаме некаква асоцијација.
- Конзумирање на алкохол, опијати, дрога, ЛСД, пејотл, марихуана, мескалин, психоделични печурки, датула, или пак потполно изгладнување.
- Дисциплините: јога, суфизам, медитација.
- Разновидни трауми, несреќи, долго неспиење, треска, нуркање, техники за контрола на умот (хипноза, медитација, молитва), како и состојби на сон, еуфорија, екстаза, психоза и астрална проекција.
Remove ads
Белешки
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads