Елезли
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Елезли или Елезлија (грчки: Καλολίβαδο, Калоливадо, до 1926 Ελεσλή, Елезли)[2] — село во Општина Кукуш во Кукушкиот округ, Егејска Македонија, денес во областа Централна Македонија, Грција.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа на 13 километри северно од градот Кукуш, на неколку километри од грчко-македонската граница, во близина на североисточниот брег на Дојранското Езеро меѓу селата Грамадна (Евкарпия) и Кара Ахматли. Селото се наоѓа на надморска височина од 290 метри.
Елезли опфаќа површина од 16 квадратни километри[3].
Историја
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Алексово се состоело од 10 семејства и 26 жители муслимани[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Алексово имало 50 жители муслимани[5].
Во текот на Балканските војни, селото било опожарено од страна на грчките војски.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Грција. На пописот од 1913 година, во селото биле евидентирани 34 жители, додека во 1920 година 56 жители Турци. Според Лозанскиот договор, во селото било населено грчко население од Мала Азија, Источна Тракија и Понд додека од селото се иселиле муслиманските жители[3].. Во 1926 година, селото било преименувано во Елезли.[6]
Remove ads
Демографија
Во 1928 година селото било чисто бегалско со 33 жители бегалци.[7], додека во 1940 година и 1951 година селото немало жители, за да на пописот од 1961 година во селото бидат евидентирани 45 жители, во 1971 година имало 28 жители, во 1981 година имало 28 жители, додека во 1991 година имало 31 жител[8]. Денеска, населението на селото е 15 жители според пописот од 2001 година.
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads