Елово
село во Општина Студеничани From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Елово — село во Општина Студеничани, во областа Торбешија, во околината на град Скопје. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 265 жители.
Remove ads
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во областа Торбешија, на западните падини на Караџица. Тоа е на 18 км растојание во воздушна линија од Скопје.
Бела Црква

Маалото Бела Црква е вон самото Елово и се наоѓа на север, на 2 км во воздушна линија од главното населено место. Маалото се состои од десетина куќи.
Историја

Во XIX век, селото е дел од нахијата Каршијак во Скопската каза во Отоманското Царство.
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото е заведено под името Ехлово и било муслиманско, со 32 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 120 мажи муслимани, со 16 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 272 жители.[2]
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 94 жители.[3]
Меѓутоа, според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Евлово имало 450 жители, од кои сите биле Македонци-муслимани.[4][5] Ова е веројатно единствениот исправен податок, за што сведочи фактот што населението уште од почеток до денес говорело македонски.
Според Леонард Шулце Јена, селото во 1927 година било населено со Албанци.[6] Истото го тврди и Афанасиј Селишчев во 1929 година.[7]
Remove ads
Население
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија во 1931 година, селото имало 750 Македонци.[8]
Според податоците од 2002 година, во селото имало 265 жители, од кои 247 Турци, 13 Албанци, 1 Македонец и 4 други.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 198 жители, од кои 1 Албанец, 98 Турци и 99 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
Елово е торбешко село. Според истражувањата од 1950 година родови во селото се:
- Доселеници: Шабановци (7 к.), Баовци (9 к.), Рамановци (10 к.), Рашитовци (8 к.), Аметовци (6 к.), Селимовци (9 к.), Селмановци (8 к.), Џаферовци (3 к.), Имеровци (7 к.) Ѓуловци (14 к.), Орлевци (2 к.), Шабановци (7 к.), Абдијовци (2 к.), Ејуповци (3 к.), Таировци (10 к.), Зендовци (4 к.), Џаферовци (5 к.), Фејзовци (2 к.), Ибраимовци (2 к.), Алиловци или Ѓулафковци (6 к.), Јашаровци (1 к.), Амет-Фета (2 к.), Мемедовци (3 к.), Арифовци (4 к.), Ќеримовци (7 к.), Исовци (1 к.), Еминовци (2 к.) и Салиовци (2 к.) сите се доселени од мијачките-торбешки села во Долна Река во текот на XVIII век; Корчовци (4 к.) се викаат и Даутовци. Доселени се од околината на Корча во Албанија. Зборувале на македонски уште кога дошле. Го знаат следното родословие: Љазим (жив на 22 г. во 1950 година) Мемет-Ибраим-Мемет-Даут, кој се доселил.[14]
Remove ads
Иселеништво
До 1950 година од селото се иселиле 15 семејства во Скопје, и 20 семејства во Турција. Иселеници имало и во населбата Бутел (Мемедовци).[14]
Личности
- Фејзо Џеладиновски (* 1981 - † 2001), македонски бранител, приправник во АРМ
Општествени установи

- Основно училиште
Културни и природни знаменитости

- Џамии
- Џамија - селската џамија
- Останато
- Метова Чека - ловечко чекалиште за дивеч, кое се наоѓа до патот кон Црн Врв
Галерија
- Сред село
- Стара куќа
- Стара куќа
- Училиштето
- Училиштето
- Сред Бела Црква
- Дворје во Бела Црква
- Најстарата куќа во Бела Црква
- Плевна во Бела Црква
- Метова Чека
- Панорама од исток
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads