Ениќој (Серско)
село во Серско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ениќој или Ново Село (грчки: Προβατάς, Проватас; до 1928 г. Γενή Κιόι, Јени Ќој[2]) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Сер на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено исклучиво со Македонци.[3]
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа во Серското Поле на 10 км западно од градот Сер.
Историја
Во Отоманското Царство
Во XIX век Ениќој било село во Серската каза. Според „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. во Јениќој (Yéni-Keuï) имало 115 домаќинства сочинети од 220 муслимани и 80 Македонци.[4][5]
Во 1891 г. Георги Стрезов вели дека селото е дел од областа Овакол и напишал за него:
„ | Ени Ќој, на ЈЗ од Сер 1⁄2 час до реката. Низ ова село минува патот за Солун. Има 45 куќи. 50 души Македонци,[6] а остатокот Турци.[7] | “ |
Треба да се напомене дека под „Турци“ во тоа време неретко се подразбирале сите муслимани. Во овој случај, се работи за Македонци-муслимани.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Ени Ќој има 100 жители Македонци-христијани и 220 Македонци-муслимани.[4][8]
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Ениќој (Yeni-Keuy) живееле 136 Македонци егзархисти.[4][9]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 520 жители, но во 1920 г. во селото е заведен само 361 жител.[3] Во 1926 г. селото е преименувано во Проватас. Македонците-муслимани се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор, а под притисок на властите во Бугарија се иселиле 16 христијани.[3] Државата во довела голем број грчки колонисти. Според пописот од 1928 г. Ениќој било етнички мешано село со вкупно 964 жители,[3] од кои 829 лица (187 семејства) биле грчки колонисти, а останатите Македонци.[10]
Во 1936 г. е удрен камен-темелникот на црквата „Св. Ѓорѓи“.[11]
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads