Жегљане
село во Општина Старо Нагоричане From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Жегљане — село во Општина Старо Нагоричане, во областа Козјачија, во околината на градот Куманово.
Remove ads
Географија и местоположба

Населбата се наоѓа во областа Козјачија, во северниот дел на територијата на Општина Старо Нагоричане, од левата страна на реката Пчиња. Селото е раштркано и има ридски карактер, чии маала се издигаат на надморска височина од 540 до 680 метри.[2] Од самиот град Куманово е оддалечено 30 километри.[2]
Атарот зафаќа површина од 10 км2. На него обработливото земјиште зазема површина од 464,5 хектари, на пасиштата отпаѓаат 327,3 хектари, а на шумите 185,3 хектари.[2]
Села со кои се граничи Жегљане се: Степанце, Малотино и Кокино.[3]
Жегљане е село од разбиен тип. Во секое маало живеат жители од еден род, поради што маалата се наречени по имињата на родовите.[3]
Remove ads
Историја

За времето кога е основано денешното село нема официјални историски извори. Меѓутоа, може да се заклучи дека се работи за старо село: има неколку родови за кои не се знае од каде потекнуваат; воедно, старата селска црква „Св. Ѓорѓи“ потекнува од 1867 година.[3]
Во XIX век, Жегљане било христијанско село во рамките на Кумановската каза на Отоманското Царство.
На 10 октомври 1944 година во ова село е создадена Кумановската (македонска) дивизија, во чиј состав влегоа Шеснаесеттата, Седумнаесеттата и Осумнаесеттата македонска НО бригада.[4]
Remove ads
Стопанство
Селото има полјоделско-сточарска функција.[2]
Население
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Жегљане имало 315 жители.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Жегљане имало 386 жители.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[7]
Во 1961 година селото броело 328 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 112 жители, од кои 102 Македонци и 10 Срби.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Жегљане имало 86 жители, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 48 жители, од кои 45 Македонци и 3 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
Во Жегљане постојат стари и доселени родови:[3]
- Стари родови се: Рубејци (6 к.) и Станковци (2 к.), потекнуваат од ист предок и слават Свети Никола; Мартиновци (5 к.), Кљунчинци (3 к.) и Коларци (2 к.), потекнуваат од ист предок и слават Свети Архангел; Пуринци (5 к.), слават Свети Архангел, сместени кон селото Степанце; Поповци (2 к.), слават Свети Архангел, род од кој потекнувале селските свештеници; Биволарци (1 к.) и Ковијанци (1 к.), слават Свети Архангел.
- Доселени родови се: Рогожарци (8 к.), слават Петковден, дојдени од негде; Малисорци (4 к.), слават Свети Архангел, дојдени од Малесија; Рамаданци (3 к.), слават Света Сава, доделени од негде; Козјачани (3 к.), слават Свети Архангел.
Remove ads
Општествени установи
- Поранешно основно училиште
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Старо Нагоричане, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Старо Нагоричане.
Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Жегљане, во која влегувале селата Жегљане, Карловце, Кокино, Коинце и Степанце.
Во периодот 1952-1955, селото било исто така седиште на тогашната општина Жегљане, во која покрај селото Жегљане се наоѓале и селата Враготурце, Врачевце, Драгоманце, Карловце, Коинце, Кокино, Малотино, М’гленце, Пелинце, Пузајка и Степанце.
Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Старо Нагоричане.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Куманово.
Remove ads
Личности
Личности родени во Жегљање:
- Милица Антевска — учесник во НОВ на Македонија
- Пена Антевска — учесник во НОВ на Македонија
- Дана Божиновска — учесник во НОВ на Македонија
Културни и природни знаменитости

- Цркви[14]
- Црква „Св. Ѓорѓи“ — главна селска црква, сместена во главниот дел на селото
- Споменици
- Споменик од НОБ за создавањето на партизанската бригада
Редовни настани
- Велигден — народен собир
- Преображение — народен собир
- 26 февруари — чествување на датумот на основање на 3. Македонска партизанска бригада во селото
Иселеништво
Жителите на Жегљане најмногу се иселувале во периодот помеѓу двете светски војни и во периодот по Втората светска војна. Најмногу иселеници има во Куманово (околу 30 к.) и по некои низински кумановски села. Две семејства се преселиле во Шабац и Глогањ во Србија.[3]
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads