Заград

село во Општина Македонски Брод From Wikipedia, the free encyclopedia

Заградmap
Remove ads

Заград — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во областа Порече, во северозападниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод.[2] Селото е планинско, на надморска височина од 950 метри.[2]

Атарот е мошне мал и зафаќа површина од само 2,3 км2. На него шумите зафаќаат површина од 180,4 хектари, на обработливото земјиште отпаѓа 38,2 хектари, а на пасиштата 3,6 хектари.[2]

Историја

Во XIX век, Заград било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]

Стопанство

Селото нема развиена земјоделска функција.[2]

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Заград имало 90 жители, сите Македонци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Заград имало 96 жители.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци.[6]

Ова мало село во 1961 година броело 117 жители, а во 1994 година само 26 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Заград имало 17 жители, сите Македонци.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 5 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

Заград е македонско село.

Родови во Заград се: Бацковци (3 к.), доселени се од гостиварското село Бањица (денес Горна и Долна); Угриновци (3 к.), доселени се од селото Звечан, каде припаѓале на родот Грубановци, подалечно потекло од Закамен; Трајановци (1 к.), доселени се од селото Манастирец (Горен и Долен денес).[12]

Remove ads

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Растеш, во која влегувале селата Битово, Волче, Горно Ботушје, Долно Ботушје, Заград, Косово и Растеш.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Растеш, во која покрај селото Заград се наоѓале селата Битово, Близанско, Волче, Горно Ботушје, Долно Ботушје, Здуње, Косово, Растеш и Требовље.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Избирачко место

Во селото постои избирачко место бр. 0273 според Државната изборна комисија, кое е сместено во приватна просторија.[13]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 14 гласачи.[15]

Remove ads

Личности

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads